„Ја сретнав првата љубов, пред некој ден, бремена“

„Ја сретнав првата љубов пред некој ден, бремена. Најубавата мајка која некогаш сум ја видел, пардон, најубавата идна мајка. Ѝ кажав дека е прекрасна и дека не случајно сум ја сакал сите тие години...“

ja-sretnav-prvata-ljubov-pred-nekoj-den-trudna-01.jpg

Стефан Симиќ од Србија за себе вели дека е уметник и креатор. На Инстаграм тој има повеќе од 26.000 следбеници со кои буквално душата ја соголува, преку зборови.

Тој сега проговори за поранешната девојка, која ја сретнал – бремена.

Дали приказната е реална или само инспирирана од реалност не знаеме, но дефинитивно допира до срце и многумина ќе се пронајдат.

Неговата објава комплетно ќе ве трогне:

Ја сретнав првата љубов пред некој ден, бремена.

Најубавата мајка која некогаш сум ја видел, пардон, најубавата идна мајка.

Ѝ кажав дека е прекрасна и дека не случајно сум ја сакал сите тие години.

Ми рече: „Исто така“.

И велам: „Јави ми кога ќе бидне“.

Ми вели: „Не грижи се, да е твое, би дознал прв, вака ќе дознаеш меѓу првите“.

ja-sretnav-prvata-ljubov-pred-nekoj-den-trudna-04.jpg

Пред малку ми испрати фотографија. Се породила.

Иако нас веќе долго време нè нема во животите еден на друг...

Ја гледам фотографијата од детето и се сеќавам колку зборувавме за него.

Тогаш.

Не беше време, се разбира.

Сега е.

Но, дојдоа некои луѓе во нашите животи.

Нешто размислувам:

Знаете ли кои љубови се најубави? Оние во кои не сме успеале ништо да расипеме.

И за кои немаме што да приговориме.

Ништо.

Ниту еден збор.

Само им се радуваме, среќни што се случило, а времето само поправило некои дамнешни недоразбирања.

Ја гледам неа и бебето на фотографијата која ми ја испрати и го чувствувам токму тоа: благодарност што се сакавме, што знаевме и умеевме и делевме свет, можеби во најубавите години.

Многу помина од тогаш.

А мене пред малку ми се врати нејзиниот лик, како седиме на кеј, уште во средно училиште, онака убави, млади, двајцата црнокоси, многу поубави од градот во кој тогаш живеевме.

И таа ми вели: „Би сакала да бидам мајка“.

Поминаа 15 години од тогаш.

Тоа штотуку ѝ се оствари.

ja-sretnav-prvata-ljubov-pred-nekoj-den-trudna-03.jpg

А мене почнаа да ми течат солзи, не знам зошто.

Како во еден дел ова дете да е и мое.

Кога раскинувавме, многу плачевме.

Заплакав повторно. И понатаму некоја мешавина од среќа и тага.

Така и ја сакав, а и како поинаку да сакам.

Нека ѝ е со среќа.

И не, не сум љубоморен, ниту најмалку.

Само сум горд.

Биди ми жива...

Стефан Симиќ

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Слаткар за CRNOBELO лексикон: „Првата симпатија ми се викаше Сања“ „Мислев дека Монте Карло е најубавото местои на светот. Бев таму и после тоа сум...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg