Слаткар за CRNOBELO лексикон: „Првата симпатија ми се викаше Сања“
- Детали
- петок, 18 јули 2025
„Мислев дека Монте Карло е најубавото место на светот. Бев таму и после тоа сум сигурен дека Охрид е најубаво место на светот“ - напиша Марко Маринковиќ Слаткар во лексиконот на CRNOBELO.com.

Марко Маринковиќ - Слаткар вели дека сакал да учи историја кога одел на училиште, дека татко му му е идол, но и дека меѓу бељите што ги направил како дете е и онаа кога со децата од маало изгасиле струја во цела зграда, па човек останал заглавен во лифт.
Тој ни се потпиша во лексиконот и ни откри дека првата симпатија му се викала исто како сегашната сопруга, но и што си помислил после првиот бакнеж.
Прочитајте што напиша Слаткар во нашиот лексикон:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Марко Маринковиќ, ме викаат Слаткар.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 38, роден сум на 15.08.1986, а во хороскоп сум „лавчина“.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Омилена песна ми е мојата нова песна, омилен пејач ми е Роби Вилијамс, а пејачка - Калиопи.

4. А омилена книга?
„Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски, со Марко Слаткарот.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Филм Braveheart, глумец Дензел Вашингтон, серии - не гледам.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Омилен спорт ми е ММА и кошарка. Фудбал не гледам.
Навивав за Atlanta Hawks кога играше Перо таму, а сега навивам за Denver Nuggets кај што игра Јокиќ и LA Lakers, кај што игра Лука Дончиќ.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам мачка, се вика Луси.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Имам добиено една многу чудна, ама стварно не е во ред да се објави јавно.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Ова што сум денес.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Вода и слатките. Слатките на Слаткар, ха, ха.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Мартин ми е кум и се дружиме точно 32 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Многу добар, а омилен предмет ми беше историја.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мојот татко.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Мињон. Син ми многу ги сака, па би сакал да бидам некој мињон.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Грабни стапче, жмурка, долга магарица...

