Слаткар за CRNOBELO лексикон: „Првата симпатија ми се викаше Сања“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Гасевме струја во влез, цел влез немаше струја, па еднаш заглавивме некого во лифт, зашто кога ќе ја исклучиш струјата - исклучуваш сè.
После ни беше многу жал, ама тоа е, деца.
17. Дали некогаш си се степал?
Секогаш! На било кое место, во кое било време, со било кој. Порано се тепав многу, беше тоа некоја детска фаза.
Кога не можеш да се разбереш „људски“, цивилизациска комуникација во минус, мора да се тепаш.
Улицата е сурова, барем беше така кога растев во 1990-те. Бев многу блесаво дете.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Имам, ама се надевам дека засекогаш ќе остане тајна и дека никој никогаш нема да ја забележи.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Би сакал да живеам во 20-тите години од минатиот век. Мислам дека тоа биле возбудливи години со предизвици.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Што и да имам, секогаш нешто ќе ми фали. Па и кога ќе го добијам тоа што ми фалело, ќе си поставам нови цели, нешто друго ќе сакам.
Ова нема крај. Но, не патам по ништо што не е мое.
21. Од што се плашиш?
Од висина, од змии, од многу брза вожња, да скокнам од авион со падобран, од многу работи од кои би се плашел секој разумен човек.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Прва симпатија ми беше едно девојче од маало, мислам дека се викаше Сања и исто имаше запчиња напред ко жена ми. Што ти е судбина!
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„Свири ми брате цигане“, „Тинке Катинке“, откачувам на сè што е убаво, наше народно, староградско, што е пријатно за уво.
Многу уживам во таков тип на музика.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Според мене тоа би требало да се пари кои се вложени во спомени.
Новото време диктира да работиш константно, а да уживаш „уз пат“, немаш време за уживање.

25. Кое е најубавото место на светот?
Охрид. Мислев дека е Монте Карло, бев, и после тоа сум сигурен дека Охрид е најубаво место на светот.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Дека сум дигнат. Јас сум сè, само не сум дигнат.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Се каам што не направив спот за „Сара“ - тоа е пред 13 години, ама за тоа се каам кариерно.
А во животот, кога грешам не се каам, туку гледам да научам нешто и тој зијан да си го рачунам како такса за школото што сум го научил.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Е, ама лошо се лапа оваа, ха, ха.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Веројатно од мојот говор.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Слаткар: Зошто се викате CRNOBELO.com?
CRNOBELO.com: Затоа што лесно „лепи“ на уво, а никогаш не изглегува од мода.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
