„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“
„Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врснички имаат нереални очекувања од мажите, бараат спонзорство за животниот стил што го гледаат на Инстаграм, па после се чудат кога мажите бегаат...“

„Ние младите сме во најдобрите години - нашите тела се полни со енергија и треба да го живееме животот и да уживаме љубовта и во водењето љубов.
Но, не го правиме тоа.
Искрено? Тоа е чудно.
Младите се толку зафатени со своите телефони, опседнати со изгледот и правење селфиња, што ги занемаруваат вистинските искуства и контакти.
Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. И кога ќе дојде до нешто, најчесто е тоа само краткотрајно и без вистинска поврзаност.
Младите стануваме себични до степен на исклучување на сè друго. Во филм сме: „Јас го живеам својот живот, се забавувам, создавам спомени...“
Но, реалноста е поинаква.
Не сакам да ги поминам дваесеттите години скролајќи на ТикТок.
Многу луѓе на моја возраст дури и не сакаат да излегуваат по клубови веќе.
Наместо да пијат евтина текила и да се враќаат дома во 4 часот наутро, тие стануваат во тоа време и пијат шотови од ѓумбир пред теретана.
Не го осудувам тоа, но, каде е шансата за „саморазвој“ ако не излегуваш, не правиш грешки и не учиш од нив?
Некои од најголемите животни лекции доаѓаат по мамурна ноќ или по ставање крај на лоша врска.
Станавме толку опседнати со тоа што прават другите, што заборавивме да го живееме сопствениот живот.
Очекувањата се бескрајно високи, иако тие луксузни, гламурозни животи што ги гледаме онлајн не се реални.
Многу мои врснички имаат нереални очекувања од мажите, бараат спонзорство за животниот стил што го гледаат на Инстаграм, па после се чудат кога мажите бегаат.
Сè е „слика“, без суштина.
Да, Инстаграм може да ти даде самодоверба, но тоа е лажна, филтрирана самодоверба што исчезнува кога си лице в лице со реален човек.
Мајка ми секогаш ми вели: „Остави го тој проклет телефон и излези да се забавуваш...“
И во право е.
На нас младите сè ни е важно само како изгледа на Инстаграм.
Сите само скролаат, скролаат, скролаат...
Мојата порака до генерацијата е: „Престанете да го сфаќате Инстаграм толку сериозно и почнете да се забавувате. Ќе бидете млади и згодни само еднаш!“
Сфатив дека сум изгубила толку многу време гледајќи во туѓи профили, наместо да излезам надвор, да живеам, да учам лекции и да се забавувам.
Мојот најголем страв е дека, ако оваа опсесија со себе продолжи, нема да можам да го најдам вистинскиот човек и да имам семејство“.
