„Ако жена денес објави ваква фотка на Инстаграм ќе добие куп критики – Софија Лорен е симбол за сексапил со своите облини“
Софија Лорен јаде тестенини, пие црвено вино, ужива во животот и воодушевува со својот сексапил и покрај облините... Ако денес некоја жена објави ваква фотографија, ќе добие еден куп критики дека е дебела, да јаде повеќе протеини и да почне да вежба... Вирална објава се споделува на социјалните мрежи за сменетата перцепција за убавината.

Кога оваа фотографија денес би се објавила на Инстаграм или во групите кои промовираат фит живот, би следеле еден куп критики, од типот...
- Предебели колкови
- Бутовите ќе ти се разлеат
- Препорачувам тренинг со тежина
- Откажи се од глутен
- Откажи се од лактоза
- Премногу јаглехидрати
- Премалку протеини во исхраната
- Направи нешто со себе, жено!
- Мораш да изгубиш најмалку 10kg
- Побарај помош од личен тренер
- Диета, диета и пак диета!

Убавата, здрава, исполнета и среќна жена денес никој не би ја забележал, а таква е Софија Лорен.
Јаде тестенини, пие црвено вино, ужива во животот и воодушевува со својот сексапил.
Пред 50 години светот полуде за неа, ја сакаа и мажи и жени.
Беше неприкосновена кралица на женските облини, икона на убавината.
Што се случи, што нашата перцепција за женското тело толку се промени во овие 50 години?
Мислам дека за тоа во голема мера се виновни социјалните медиуми и сликата која ја создаваат.
Потоа се прашуваат зошто многу жени престануваат да се прифаќаат себеси и тежат кон идеалите кои се презентираат во медиумите.

