Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“

Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов, злобни слугинки, лаги кои болат... „Касандра“, првата сапуница прикажана кај нас, имаше толку многу драма, но и слатки моменти, што и денес се сеќаваме на неа. Но, дали се сеќавате на некои од овие сцени? 

retro-videa-koi-budat-nostalgija-del-od-najdramatichnite-sceni-vo-kasandra-hit-serijata-od-90-tite-01.jpg

Кога на почетокот на 1990-те години во Македонија, но и регионот, почна да се прикажува првата „сапуница“, „Касандра“, скоро и да не постоеше човек што не ја гледаше.

Приказната за убавата циганка (хитана) растена во циркус, која се заљубува во Луи Давид, ја раскинува веридбата Ранду, но и злобниот брат близнак на Луи Давид, Игнасио, кој им го прави животот „замрсен“ беше толку привлечна за гледање, што сите со нетрпение ја очекуваа следната епизода.

retro-videa-koi-budat-nostalgija-del-od-najdramatichnite-sceni-vo-kasandra-hit-serijata-od-90-tite-02.jpg

Во весниците секој ден се објавуваше кратка содржина од следните епизоди (она што денес е трејлер за следната епизода од сериите).

Вистински празник за сите беше и кога актерите Кораима Торед (Касандра) и Хенри Сото (Ранду), дојдоа во Македонија.

retro-videa-koi-budat-nostalgija-del-od-najdramatichnite-sceni-vo-kasandra-hit-serijata-od-90-tite-04.jpg

Тие го „наполнија“ градскиот стадион, имаа средба со тогашниот градоначалник Ристо Пенов во Скопје, а потоа собраа и неколкуилјадна публика на плоштадот во Охрид.

Овие слики и денес враќаат носталгија, исто како и видеата од серијата, кои фановите на „Касандра“ ги споделуваат повремено.

На Инстаграм постои и профил на кој се споделуваат кратки видеа од серијата.

retro-videa-koi-budat-nostalgija-del-od-najdramatichnite-sceni-vo-kasandra-hit-serijata-od-90-tite-03.jpg

Погледнете некои од најдраматичните, но и најсимпатични моменти во серијата што сите ја обожававме:

Касандра обвинета за убиството на Луи Давид

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg