Фото-спомени од времето кога Касандра и Ранду дојдоа во Македонија – илјадници луѓе ги дочекаа
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


Фото-спомени од времето кога Касандра и Ранду дојдоа во Македонија – илјадници луѓе ги дочекаа

Речиси никој што го посети настанот кога Касандра и Ранду дојдоа во Македонија не си замина без фотографија. Ги чувате ли вашите фотографии?

koga-kasandra-i-randu-ja-posetija-makedonija-gi-chuvate-li-ushte-fotografiite-01.jpg

Од октомври 1997-мата година кога почна да се емитува Касандра се поминати 24 години, но поголемиот дел од нас сè уште ја паметат еуфоријата предизвикана од првата латино-американска сапуница што ја освои како македонската така и балканската и светската публика.

koga-kasandra-i-randu-ja-posetija-makedonija-gi-chuvate-li-ushte-fotografiite-02.jpg

Секоја вечер, точно во 20.00 часот по вториот Дневник на МТВ 1, македонската публика имаше можност да ја следи тажната приказна за Касандра, девојката што била родена во богато семејство, но пораснала во Циркуз. 

Секоја вечер од понеделник до петок во период од еден час, никој не излегуваше од дома, а ги следевме доживувањата на Касандра со Ранду, Луи Давид, Игнасио, Доринда пред ТВ екраните…

koga-kasandra-i-randu-ja-posetija-makedonija-gi-chuvate-li-ushte-fotografiite-03.jpg

Касандра имаше огромно влијание врз нашите животи. Купувавме тетратки со нејзиниот лик, сликички, пластичен накит како нашата омилена хероина. Се маскиравме како неа за маскенбалите...

Погледнете повеќе: Се вративме назад во времето кога собиравме детска пошта (фото)

Кулминацијата на целиот феномен беше периодот кога Кораима Торез, актерката што само на 18 години го овековечи ликот на Касандра и нејзиниот колега Хенри Сото, односно Ранду, ја посетија Македонија. 

Народот во толпи се собра на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а следниот ден и на пристаништето во Охрид за одблиску да ја види хероината што ги освои нашите срца.

241799925_10208990463114955_2790788072716898910_n_resize.jpgфото: Facebook

Целиот настан беше проследен од медиумите, а нивната посета беше топ-тема во пишаните медиуми и на телевизија. 

„Па зошто Ранду, требаше Луи Давид да го донесат“ – велеа некои од оние што беа вљубени во љубовната приказна на овие два карактери.

koga-kasandra-i-randu-ja-posetija-makedonija-gi-chuvate-li-ushte-fotografiite-04.jpgфото: Facebook

Како и да е, најголемиот дел од оние што се најдоа на тие собири не си заминаа дома без фотографија со нив. 

koga-kasandra-i-randu-ja-posetija-makedonija-gi-chuvate-li-ushte-fotografiite-06.jpgфото: Facebook

 Денес на социјалните мрежи луѓето повторно објавуваат фотографии од настанот кога Кораима и Хенри ја посетија Македонија.

Вие што сте имале можност да се фотографирате со Касандра, побарајте ја фотографијата и споделете ја со нас во коментар...

Прочитајте и Го освои Балканот со улогата на Касандра, борба со тумор - Како изгледа и што прави денес Кораима Торес?

 Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Facebook

Би можело да ве интересира:

18 фотографии кои ја докажуваат моќта на времето Времето навистина знае да остави свој белег на работите, а овие фотографии соврш...
10 фотографии што докажуваат дека гените се чудо Кога братучетки си личат како близначки, кога синот е копија на таткото... Фото ...
12 фотографии што ќе ве погодат директно во срце „Татко ми беше болен и сонуваше да види како дипломирам. Успеа во тоа.“ Пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg