Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар?
Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марокин. Поради насилството на коешто сведочел во детството, никогаш не ни помислил да работи со дрога, а и покрај своето потекло, успеал да изгради добар живот за себе.

Со сопругата Тата, Пабло Ескобар добил две деца – синот Хуан Пабло и ќерката Мануела.
По убиството на наркобосот, Тата, заедно со двете деца, побегнала од Колумбија, и неколку години од животот поминале во бегство.
Денес ќерката на Ескобар, Мануела, се држи настрана од јавност, додека неговиот син си го промени името и успеа да се дистанцира од лошото минато на татко му.
Што знаеме за Хуан Пабло и каде е денес?
Роден во 1977 година, Хуан Пабло имал мошне привилегирано детство бидејќи, сепак, татко му веројатно бил и милијардер поради нелегалниот бизнис со дрога.
Хуан имал сè што може да посака едно дете, а имал и слуги кои му ги задоволувале сите потреби.
Ескобар ги разгалувал и Хуан и ќерка му Мануела, а според познаници на наркобосот, бил навистина грижлив татко.
Сепак, во детството, Хуан Пабло не бил свесен како всушност татко му заработува толку многу.
Раните 1980-ти биле можеби најубавите години од детството на Хуан – тој период Ескобар уште не бил познат надвор од Колумбија, па сметал дека тој и неговото семејство се безбедни.
Но, ситуацијата се променила во 1984 година, кога Ескобар бил обвинет за убиството на колумбискиот министер за правда.
Ескобар имал моќни врски кај властите и тоа му овозможило да ја изгради својата империја. Но, министерот бил првиот кој му се спротивставил, а Ескобар му вратил со убиство.
Лицето на наркобосот било во сите колумбиски медиуми, па Хуан Пабло почнал да сфаќа кој е всушност татко му.
И тогаш, кога имал седум години, животот драстично му се променил.
Ескобар со сопругата и двете деца побегнале прво во Панама, а потоа во Никарагва и извесен период поминале во бегство.
„Мојот живот беше како на криминалец. Страдав како јас самиот да сум ги извршил тие убиства“, има изјавено Хуан Пабло.
Бидејќи Ескобар се плашел дека ќе биде екстрадиран од Никарагва, со семејството сепак се вратиле во Колумбија.
Кратко по враќањето, Хуан Пабло, кој веќе наполнил осум години, почнал да учи за „занаетот“ на татко му.
Најпрво, Ескобар му покажал разни видови дрога и му објаснил какво дејство имаат. Потоа, откако наполнил девет години, го однел во сите негови фабрики за кокаин.
Но, целта на Ескобар не била да му го пренесе бизнисот на син му – напротив, сакал да го натера да сфати дека никогаш не треба да се занимава со дрога.
Колку и да се трудел Ескобар да го заштити син му, како најмоќен наркобос во Колумбија, а можеби и во светот, не можел да се надева на безбедност.
Тој војувал со други картели поради и насилството било секојдневие.
