Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар?

Веќе во своите тинејџерски години, Хуан Пабло почнал да се противи на неговиот татко и ги презирал неговите злодела.

tatko-mu-go-nosel-vo-fabrikite-za-kokain-ushte-na-9-godini-kade-e-denes-sinot-na-pablo-eskobar-15.JPG

Тој период Ескобар поминал и неколку години во затвор, но со свои улови. Најпрво, тој си го изградил затворот, а потоа побарал да се спречи обидот на надлежните да екстрадираат колумбиски криминалци во САД.

Дотогаш Ескобар им бил познат и на американските власти, па овој договор му бил од огромна корист.

Тогашниот претседател на Колумбија не бил задоволен од договорот, па наредил Ескобар да биде преместен во обичен затвор. Наркобосот не сакал, па наместо да дозволи да биде преместен, решил да избега по само 13 месеци зад решетки.

tatko-mu-go-nosel-vo-fabrikite-za-kokain-ushte-na-9-godini-kade-e-denes-sinot-na-pablo-eskobar-03.JPG

Бегство на Ескобар почнало војна меѓу колумбиските картели, а бил нападнат и имотот на наркобосот.

„Нашето секојдневие драстично се промени. Стравот не обзеде и единствената цел ни беше да преживееме“, се присетува Хуан Пабло.

Среде хаосот, сопругата на Ескобар ги зела двете деца и побегнала од Колумбија со хеликоптер.

Но, САД не им дозволиле засолниште. Пробале и во Германија каде што ги пречекала иста реакција и на крај немале избор освен да се вратат во Колумбија.

Пабло Ескобар е убиен во декември 1993-та, но Хуан Пабло смета дека татко му извршил самоубиство.

tatko-mu-go-nosel-vo-fabrikite-za-kokain-ushte-na-9-godini-kade-e-denes-sinot-na-pablo-eskobar-05.JPG

Според него, 10 минути пред убиството, тие разговарале на телефон. Но, татко му погрешил бидејќи разговорот траел долго, па така агентите успеале да го лоцираат.

Кога почнала филмската бркотница по покривите во Меделин, Ескобар бил застрелан во рамото и ногата, а според Хуан Пабло, потоа се застрелал самиот.

Тој тврди и дека резултатите од аутопсијата биле лажирани за агентите што го фатиле да се претстават како херои.

По смртта на Ескобар, Тата, Хуан Пабло и сестра му почнале нов живот со нови идентитети во Буенос Аирес – Хуан си го сменил името во Себастијан Марокин.

tatko-mu-go-nosel-vo-fabrikite-za-kokain-ushte-na-9-godini-kade-e-denes-sinot-na-pablo-eskobar-08.JPG

Иако вели дека ја сакал Колумбија, бил свесен за непријателите на татко му и воопшто не сакал да се вмеша во бизнисот со дрога.

Хуан почнал да студира индустриски дизајн, но до 1999-та, нивниот мир бил нарушен.

Биле откриени нивните вистински идентитети од страна на нивниот сметководител. Тој пробал да ми изнудува пари, но наместо да му платат, решиле да го пријават.

И, набрзо потоа, во 2001-ва, светот дознаа дека Себастијан Марокин е всушност синот на Ескобар.

tatko-mu-go-nosel-vo-fabrikite-za-kokain-ushte-na-9-godini-kade-e-denes-sinot-na-pablo-eskobar-06.JPG

Очекувано, семејство почнало да добива понуди за интервјуа, но дури кога Себастијан, поточно Хуан добил понуда за документарец, решил дека е време да зборува јавно.

Во документарецот Sins of My Father Себастијан открива многу детали за животот со Ескобар, а потоа има издадено и книга.

tatko-mu-go-nosel-vo-fabrikite-za-kokain-ushte-na-9-godini-kade-e-denes-sinot-na-pablo-eskobar-04.JPG

Веќе не пробува да се скрие од своето минато, работи како архитект, а живее во Буенос Аирес со неговата сопруга и нивниот син.

Се шпекулира и дека неговата сестра Мануела живее со нив.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg