„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“
„Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми кажуваа дека правам грешка, но не ги слушав. За вториот сопруг не кажав на никој, а третиот го запознав онлајн. Летово ќе се венчам четврти пат и се надевам дека овој брак ќе трае“.

Кога луѓето стапуваат во брак, очекуваат целиот живот да го поминат со сопружникот. Но, некогаш браковите не функционираат, па постојат и многу разводи.
Некои луѓе се разведуваат и двапати во животот.
Но, реално, ретко кој може да каже дека до 26-годишна возраст има три разводи зад себе и дека на 35 години, четврти пат ќе застане пред олтар.
Во ваква ситуација е Американката Сара Едери која вели дека нејзиното семејство не верува дека четвртиот брак ќе трае.
Но, таа е сигурна дека новиот свршеник е оној вистинскиот.
Сара од Чикаго вели дека е свесна за своите непромислени одлуки, па затоа сега ќе се труди четвртиот брак да трае.
Првпат се венчала на 19-годишна возраст. Нејзиниот сопруг бил војник, па морале да се венчаат за таа да може да се пресели на местото каде што бил позициониран.
Сопругот бил во Јужна Кореја, а бидејќи со Сара сакале да живеат заедно, стапиле во брак по само неколку месеци врска.
Но, по 15 месеци се разделиле.
„Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми кажуваа дека правам грешка, но мене не и беше гајле што мислат другите.
Кога се разведовме, повеќе ми изгледаше како раскинување. Не мислев како разводот ќе се одрази на мојата иднина“.
Сара вели дека од Јужна Кореја пробувала да продолжи со студиите онлајн, но безуспешно. Станувала се поосамена, па решила да поднесе барање за развод и да се врати во САД.