Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зошто?
„Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топол оброк. Изнеси ги чашите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш со кого да наздравиш“... Се согласувате ли дека оваа навика не ни е добра?

Илустраторката Андријана Вешовиќ од Црна Гора, која е попозната како Зомбијана, на својот Инстаграм профил шеговито сподели каква навика за чување на предмети за посебни пригоди имаме на Балканот, а, се разбира, тоа важи и за во Македонија.
Се согласувате ли дека е навистина така?

Нејзината порака гласи:
„Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топол оброк.
Изнеси ги чашите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш со кого да наздравиш.

Запали ја свеќата за посебна пригода... Затоа што посебна пригода е да имаш можност да се собереш со најблиските.
Испрати им порака на сите на кои се двоумиш дали треба да им испратиш... Затоа што посебна пригода е да имаш можност да испратиш порака.

Вклучи ја целата твоја екипа во поставување на масата... Затоа што посебна пригода е да имаш некој да ти помогне.
Облечи го фустанот за посебна пригода... Затоа што посебна пригода е баш секој ден.

Од чувањето на работи за посебни пригоди испаѓа дека повеќе се грижиме за предметите, отколку за луѓето.

Предметите се важни, носат спомени, но не слушаат, не прегрнуваат, не сакаат.

Користи ги работите кои ги чуваш за посебна пригода затоа што посебна пригода е да имаш некој со кој и обичниот миг може да стане посебен“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
