Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е дека сè е прескапо
„Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна секунда фрлaме сè што останало несредено во другата соба. Па, ако немаме доволно стари влечки за ситe, ги соблекуваме нашите и им ги нудиме. Првите 5 минути се лесно критикување на гостите зошто донеле подароци...“

Илустраторката Андријана Вешовиќ од Црна Гора, која е попозната како Зомбијана, на својот Инстаграм профил шеговито сподели како дочекуваме гости на Балканот, а, се разбира, тоа важи и за во Македонија.
Се согласувате ли дека е навистина така?
Како дочекуваме гости:
„Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна секунда фрлaме сè што останало несредено во другата соба.
Прашината од наткасната под телевизорот ја бришеме со рака на пат кон вратата (за да им отвориме).
Гостите се во ходникот.
Па, ако немаме доволно стари влечки за ситe, ги соблекуваме нашите и им ги нудиме.

Првите 5 минути се лесно критикување на гостите зошто донеле подароци (а ако не донесоа – ќе ги озборувавме зошто не донеле).
Потоа, послужуваме мезе, кое никако не се фрла кога гостите си одат. Нормално, се дојадува.
Теми за разговор со гостите: „Колку е сè скапо во последно време“, „Што вдишуваме“, „Дека е поевтино во ресторан во Италија, отколку во Скопје“, „Внимателно се зборува за политика“.

Упорни сме да им ставиме пијалаци во чашите, сè додека со рака не ја преклопат чашата.
Се нуди кафе... Веќе сè е јасно.
Гостите заминуваат, но уште 15 минути се стои на врата и се разговара пред влезната врата.
Гостите отидоа, се прави рекапитулација на сите нивни изјава, додека се дојадува стопениот кашкавал од мезето во чинијата, за да не се фрли“.
С. С. | Црнобело
