„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија

Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е излезена, и некој ќе каже: „Леле, браво ги чува децата“. - „Не, тој човек е должен да го прави тоа, учествувал во создавањето на тие деца, татко им е, обврска му е“. Ајде и вие наведете нешто што луѓето им го кажуваат на жените, а не сфаќаат дека е навредливо за да ја дополниме листата...

izgledash-dobro-za-godinite-i-ushte-8-najglupavi-komentari-koi-gi-davaat-i-lugjeto-vo-makedonija-01.jpg

На моменти во Македонија е претешко да се биде жена.

Сите се загрижени и за изгледот на вашето тело и дали и кога ќе се мажите, па колку деца планирате да имате, и ако не планирате – зошто е тоа така и што уште не.

Се согласувате ли?

Но, и во други земји во светот е така, за жал, иако можеби не до таа мерка.

Доказ за тоа се одговорите на прашањето кое го постави корисник на Threads и гласи: „Наведете нешто што луѓето им го кажуваат на жените, а не сфаќаат дека е навредливо“...

Дел од одговорите на жени од разни држави:

Кога млада жена ќе каже дека не сака да има деца, веднаш следува коментар: „Ах, има време, ќе го смениш мислењето“.

„Дали ти е ‘она време’ од месецот?“ - „Не, само сум малку уморна од твоите глупави потези и муабети“.

„Ја скрати косата толку кратко! Што мисли твојот сопруг за тоа?“ - „Ништо. Не е неговата коса, мојата е!“

Кога маж е дома со децата, додека жената е излезена, и некој ќе каже: „Леле, браво ги чува децата“. - „Не, тој човек е должен да го прави тоа, учествувал во создавањето на тие деца, татко им е, обврска му е“.

izgledash-dobro-za-godinite-i-ushte-8-najglupavi-komentari-koi-gi-davaat-i-lugjeto-vo-makedonija-02.jpg

„Зошто уште немаш деца, кога планираш да основаш семејство?“
„Зошто имаш само едно дете? Кога второ дете?“
„Кој е таткото? Каде е таткото?“, прашање упатено кон самохрана мајка.
„Не си ли себична што немаш деца?“ „Не си ли себична што имаш дете толку доцна во животот - ќе бидеш пензионерка кога ќе биде прваче?“

Стоп за сите овие прашања и една порака до сите: „Оставете ги нашите тела на мир!“

Кога на тинејџерка со проблем со самодовербата поради килограмите ќе ѝ се каже: „Леле, сè изеде, навистина беше гладна!“

„Јас ѝ помогнав денес на жена ми со домашните обврски“. - „Не ѝ помогна, ти само заврши обврски во домот, кои треба да се завршат. Ти си член на тоа семејство и дел од тој дом, подеднакво како и таа“.

„Изгледаш добро за некој што штотуку родил“.
„Изгледаш добро за твоите години“.

Само кажете: „Изгледаш добро“.

Кога по породилно отсуство и некој ќе праша: „Каков беше твојот одмор?“ - „Кој одмор?!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg