12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми)
Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошите вести.

Животот е тежок на моменти, но за некои луѓе знае да биде малку потежок отколку за другите.
Овие личности можете да ги препознаете по одредени суптилни знаци.
Карактеристики на луѓето што немале лесен живот:
- Тие не бараат помош, затоа што луѓето ги разочарале многупати претходно.
- Имаат способност да се претворат во камен за миг, буквално во една секунда да ги избришат сите емоции од нивното лице.

- Пукаат за мали работи, токму поради тоа што предолго време се контролирале за големите работи.
- Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошите вести.
- Немаат толеранција за непотребна драма и токсично однесување.
- Во друштво никогаш не ги прашуваат луѓето за лични семејни работи, затоа што не сакаат луѓето да ги прашуваат нив за нивните.

- Знаат да бидат многу емпатични, едноставно затоа што искусиле негативни ситуации и знаат како е тоа.
- Секогаш проверуваат да не кажале или направиле нешто со кое ќе ве вознемират, во нив тлее чувство дека направиле нешто погрешно.
- Малку се дистанцирани и немаат преголема доверба во другите.
- Многу информации чуваат заклучени во себе од страв да не бидат искористени против нив.

- Неверојатно се самосвесни и отворено зборуваат за искуства и се шегуваат за своите трауми.
- Инстантно се поврзуваат со личности кои минале низ многу трагедии, дури и другата личност да не знае за нивните лични трагедии.
С. С. | Црнобело
