6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите)

Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци како чиа пудинг и се жалите на цената наместо да направите од дома, сами поправате работи за да заштедите, а на крај дупло плаќате... Секојдневни навики заради кои трошите без да почувствувате каде ви одат парите. 

7-znaci-deka-troshite-nekontrolirano-i-ne-znaete-kade-vi-odat-parite-01.jpg

Сигурно понекогаш ви се случува да се подзамислите каде ви отишле голем дел од парите, а не сте имале некои големи и сериозни трошоци.

Реалноста е дека многу ситни трошоци кои ги правите во секојдневието, малку по малку влијаат на сметката.

Во продолжение издвојуваме навики и ситуации кои се знак дека трошите неконтролирано, а има начини да заштедите. 

Ако сте во ред со тоа и не ви пречи тогаш ова не се однесува на вас и прескокнете, но доколку ве мачи ова прашање, можеби ќе ви помогнат да сфатите што да промените.

Постојано купувате кафе за носење наместо да си направите дома

Не зборуваме за оние пати кога седнувате на кафе со пријателите, туку за кафе за носење додека одите накај работа или на пикник – можеби изгледа како мал трошок, но кога е секојдневен, па и по повеќепати, може да направи разлика.

6-znaci-deka-troshite-nekontrolirano-i-ne-znaete-kade-vi-odat-parite-03.jpg

Секојдневно купување оброци како чиа пудинг, кои може да ги направите и сами

Сосема е во ред понекогаш да си купите ако ви е мерак да пробате од некаде, ако немате време, ако спонтано одлучите или немате многу избор, но доколку е секојдневно и постојано си се жалите за цената, можеби е време да почнете да си правите дома, барем понекогаш.

7-znaci-deka-troshite-nekontrolirano-i-ne-znaete-kade-vi-odat-parite.jpg

Купувате работи само затоа што се на акција, а не ви требаат

Ви се случува ли на каса да ви кажат дека е нешто на акција, или дека ако купите 2 парчиња од некој производ 3-тиот е гратис, па веќе во следниот момент да ги ставате во вашата ќеса? Иако не ви требаат...

Време е да не паѓате на промоции, туку да го купувате само она што ви е потребно.

6-znaci-deka-troshite-nekontrolirano-i-ne-znaete-kade-vi-odat-parite-04.jpg

Сакате сè сами да направите наместо да викнете професионалец

Доколку сте вешти во нешто е сосема во ред, но доколку не се разбирате, понекогаш е залудно да направите поголем проблем, па потоа да треба да плаќате повторно за поправка, за нови материјали, па и за мајстор кој овој пат ќе си ја знае работата.

Сте слушнале дека сиромавиот дупло плаќа, нели? Понекогаш е подобро да ја процените вистински ситуацијата и од старт да повикате професионалец.

6-znaci-deka-troshite-nekontrolirano-i-ne-znaete-kade-vi-odat-parite-05.jpg

Постојано нарачување ручек со достава

И како и за сите други работи, нема ништо лошо во тоа. Но доколку е секојдневно, а ви пречи што трошите толку на тоа, сменете си ги навиките.

Можеби немате многу време за готвење, но може да искористите еден ден за да направите неколку оброци однапред кои соодветно ќе ги спакувате за наредните денови.

6-znaci-deka-troshite-nekontrolirano-i-ne-znaete-kade-vi-odat-parite-06.jpg

Купувате намирници по потреба, наместо да имате полн фрижидер постојано

Секогаш е подобра стратегија одеднаш да направите залихи за подолг период, да имате она што ви е секогаш потребно дома, за да имате спремни намирници за оброци и да не се изложувате на дополнителни купувања храна од надвор.

Дополнително, кога одите во продавница почесто за по неколку работи, завршувате почесто со плус производи кои не ви се потребни и си правите дополнителен трошок.

6-znaci-deka-troshite-nekontrolirano-i-ne-znaete-kade-vi-odat-parite-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg