Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизниси

Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако освоил 170 милион евра на лото. Но, она што другите го гледале како благослов, за него било клетва – по само 15 месеци се развел од сопругата, имал три пропаднати свршувачки, но и бројни неуспешни бизниси.

prokletstvoto-na-britanec-shto-osvoil-170-milioni-evra-na-loto-razvod-soobrakjajka-i-propadnati-biznisi-01.jpg

За многу луѓе, добивката на лото, особено кога се во прашање милиони, значи решение на многу проблеми.

И, некои луѓе навистина прават пресврт во нивните животи штом ќе добијат поголема сума.

Но, од друга страна, некои луѓе се чувствуваат како да биле проколнати поради огромната добивка и некогаш посакуваат воопшто да не ги освоиле парите..

Ваква е ситуацијата со Адријан Бејфорд кој по добивката можеби немал финансиски проблеми, но затоа, пак, се соочил со пречки во секој друг аспект од животот.

prokletstvoto-na-britanec-shto-osvoil-170-milioni-evra-na-loto-razvod-soobrakjajka-i-propadnati-biznisi-10.JPG

Во 2012 година, Адријан работел како поштар, а имал и своја мала продавница. Неговата сопруга Гилијан, пак, работела како хигиеничарка во болница.

Како и секој што игра лото, Адријан не очекувал дека ќе дојде денот кога тој ќе биде играчот на кој ќе му завидуваат сите – со сопругата освоиле џекпот од други 148 милиони фунти (околу 170 милиони евра).

Со овие пари и двајцата можеле да се пензионираат, но и да се осигурат дека следните генерации од нивното семејство ќе имаат удобен живот.

prokletstvoto-na-britanec-shto-osvoil-170-milioni-evra-na-loto-razvod-soobrakjajka-i-propadnati-biznisi-05.JPG

Штом дознале за добивката, со децата прославиле во пицерија и се договориле дека првото нешто што ќе го купат ќе биде автомобил Audi Q7 за Гилијан.

Но, среќата не траела долго и како што открива пријател на Адријан:

„Знаеме дека потајно, Адријан посакува никогаш да не ги добиеше парите“.

prokletstvoto-na-britanec-shto-osvoil-170-milioni-evra-na-loto-razvod-soobrakjajka-i-propadnati-biznisi-02.JPG

Па, што се случило?

Само 15 месеци подоцна, Адријан и Гилијан се развеле, а одлучиле добивката да ја поделат еднакво.

И двајцата се соочувале со гласини за неверство, а големиот притисок од парите, но и новостекнатата слава, постепено им го уништил бракот.

Иако двајцата негираа дека имале афери, не чекаа долго за да најдат нови партнери.

Гилијан се вратила во родната Шкотска каде што се свршила со друг маж.

prokletstvoto-na-britanec-shto-osvoil-170-milioni-evra-na-loto-razvod-soobrakjajka-i-propadnati-biznisi-1.JPG

Адријан, пак, се свршил со друга жена, иако оваа врска не траела долго.

Желен за љубов, набрзо потоа Адријан запознал друга жена – почнале врска и по шест недели заедно, ја запросил додека биле на луксузно патување на Малдиви.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg