8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови норми)

Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат на флексибилност, а парите не им се на врвот на листата приоритети. Како Генерацијата Z ги отфрли старите работни норми и ги замени со свои?

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-01.jpg

Генерацијата Z, односно младите родени во дигиталното време меѓу 1996 и 2010 година, се своевидни револуционери на новата работна поставеност.

Тие инсистираат да бидат вклучени во одлуките што ги носи фирмата во која работат, бараат да постои хоризонтална структура, инклузивна култура и заеднички вредности - и ова се само дел од основните барања што ги имаат, а кои компаниите мора да го понудат ако сакаат да вработат некои од овие млади таленти.

Претставниците на генерацијата Z го редефинираа начинот на кој се работи и ги сменија работните вредности.

Како го направија тоа?

Целта што ја имаат им вреди повеќе од парите

За генерацијата Z, работата не е само начин да заработат пари, туку средство кое ќе им помогне да бидат исполнети и да придонесат кон некоја поголема цел.

Затоа, овие млади луѓе преферираат да работат во компании кои имаат јасна општествена или еколошка мисија, или кои имаат за цел да придонесат за заедницата, па затоа не им е проблем да одбијат работа која е добро платена, а не се совпаѓа со нивните животни вредности.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-02.jpg

Бараат флексибилност

За луѓето од генерацијата Z, флексибилноста не е дополнителна привилегија, туку предуслов за да прифатат работа која ќе им овозможи лесно да балансираат помеѓу работата и личниот живот.

Токму затоа, некои од нив повеќе сакаат да работат од дома или да имаат флексибилно работно време за да можат самите да работат кога им одговара и колку што им одговара.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-03.jpg

Технологијата за нив е сојузник во работата

Работниците од оваа генерација се махери за технологија, па очекуваат нивните компании да им дадат пристап до модерни, агилни алатки кои ќе им ја олеснат работата.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-09.jpg

Сакаат да напредуваат преку реален фидбек

Оваа генерација бара од компанијата отворен и искрен пристап - постојан дијалог преку кој ќе знаат како (и дали) напредуваат и во кој правец треба да одат понатаму.

Тие сакаат нивните лидери да им се достапни без претерано формалност и да бидат отворени за критики.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-07.jpg

Не остануваат на работно место кое не им нуди напредување

Можноста за учење и за личен развој е една од главните причини зошто некој од оваа генерација решава да прифати одредено вработување.

Па кога аплицираат за работа, тие ги разгледуваат работите што ги нуди компанијата - услови за напредување, тренинг, можност за одење на деловни курсеви и семинари и слично.

Истовремено, ова се и луѓе кои не се плашат да го сменат секторот на работа и да научат нови вештини, ако сметаат дека тоа ќе им помогне да пораснат професионално.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-08.jpg

Ја ставаат благосостојбата над долгорочноста

За разлика од нивните родители или бабите и дедовците, претставниците на генерацијата Z повеќе ја ценат својата благосостојба и не сакаат да се во центарот на вниманието.

Затоа и не се плашат да сменат работа ако онаа којашто ја имаат во моментот не им одговара или се коси со нивните лични вредности.

Но, ова е генерација и која е во состојба да работи на 3 различни места и да заработи добро.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-05.jpg

Одбиваат менаџерски позиции

Овие луѓе не сакаат ригидна хиерархија, туку преферираат рамна структура, каде што секој може да го даде најдоброто од себе и да учествува во донесувањето одлуки.

Но, тие намерно ги одбиваат менаџерските позиции, бидејќи носат многу стрес, а малку награди.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-04.jpg

Преферираат слободно време повеќе од дебела банкарска сметка

Низ годините работите се менуваат, а оваа генерација не сонува за директорски позиции и дебела банкарска сметка, туку за исполнет живот, слободно време, време за хобија, врски и за себе и работа на своето ментално здравје.

Секако, парите се важни, но ако работата не им нуди јасна цел, флексибилност или благосостојба - тогаш не ја ни прифаќаат.

8-znaci-deka-generacijata-z-vekje-ne-gi-prifakja-starite-nachini-na-rabota-i-kako-gi-smeni-so-novi-normi-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg