„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“

„Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници долари за летот, за храна, за сместување. Бидејќи немавме работа, ни кажаа дека единствен начин да ги исплатиме долговите е да работиме за нив“.

otidov-vo-dubai-so-vetuvanje-za-rabota-i-nov-zhivot-stanav-zhrtva-na-trgovija-so-lugje-01.jpg

Трговијата со луѓе е сериозен проблем што се случува во секој крај од светот.

Бидејќи Дубаи е една од најпопуларните и најатрактивните дестинации, одамна се зборува за присилната проституција овде.

И покрај многуте сведоштва, бројни млади луѓе, главно девојки, одат во Дубаи преку ризични договори со надеж за подобар живот.

Но, штом ќе стигнат таму, ги пречекува сурова реалност.

otidov-vo-dubai-so-vetuvanje-za-rabota-i-nov-zhivot-stanav-zhrtva-na-trgovija-so-lugje-06.JPG

Во ваква ситуација се нашла млада жена, Грејс, која за The Sun го споделува своето страшно искуство.

24-годишната Грејс потекнува од Уганда. Кога пријателка ѝ кажала за понуда за работа во супермаркет во Дубаи, помислила дека ова е одлична можност да избега од сиромаштијата.

Таа се запознала со маж кој ѝ рекол дека може да ѝ среди документи за работна виза, како и работа и практично да ѝ го промени животот.

Единствениот услов било да си ги покрие трошоците од околу 800 долари.

Без многу размислување, Грејс прифатила.

„Во Уганда немав работа и една пријателка ме поврза со дечко кој ми рече дека може да ми најде работа во странство. Требаше да му платам околу 800 долари, а ми кажа дека платата во Дубаи ќе ми биде 500 долари.

Ми изгледаше како одлична понуда. Бев многу возбудена што ќе почнам нов живот. Не знаев многу за Дубаи, освен дека е место каде што луѓето можат да си го подобрат животот ако најдат работа“.

otidov-vo-dubai-so-vetuvanje-za-rabota-i-nov-zhivot-stanav-zhrtva-na-trgovija-so-lugje-03.JPG

Грејс сфатила дека донела погрешна одлука веднаш штом слетала во Дубаи. Вели дека ја пречекале на аеродромот со црн автомобил во кој имало уште три млади жени.

Ги однеле во стан каде што им кажале дека немало никаков договор за работа.

„Ни рекоа дека должиме илјадници долари за летот, за храна, за сместување. Но, бидејќи немавме работа, ни кажаа дека единствен начин да ги исплатиме долговите е да работиме за мажите во станот. Бев преплашена.

Една од девојките ја натераа да облече провокативна облека и ја снимаа. Потоа и јас морав да го правам истото.

Кога прашавме зошто, ни кажаа дека ако сакаме да се вратиме во Уганда, ќе мора прво да работиме за нив. Ако не сме послушни, ни рекоа дека ќе има последици“.

otidov-vo-dubai-so-vetuvanje-za-rabota-i-nov-zhivot-stanav-zhrtva-na-trgovija-so-lugje-05.JPG

Грејс вели дека мажите биле вплеткани во ринг за елитна проституција, па таа и другите девојки морале да спијат со богати мажи.

„Немавме пауза, немаше како да избегаме. Беше пекол. Мислам дека никогаш нема да ја преживеам траумата“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg