Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата
Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте преморени – и физички и ментално – од стресот што го трпите на работа.

Ако имате работа што ја сакате, дефинитивно сте среќни.
Но, тоа не значи дека не треба да поставите некои граници и да направите рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот.
Без разлика колку сте амбициозни и желни за успех, немањето рамнотежа ќе се одрази негативно, и тоа врз многу аспекти од животот.
Кои се знаците дека очајно ви треба да подобра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот?
Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина
Ако ви завршило работното време, сосема во ред е да ги исклучите нотификациите од работа.
Но, ако чувствувате вина кога го правите ова, без разлика што немате никакви работни обврски до крајот на денот, мора да поработите на рамнотежата.
Немате хоби од кое немате некоја финансиска добивка
Ако немате никакво хоби настрана од работа или ако почнете хоби, но веднаш почнувате да мислите дали можете да заработите од него, мора да направите подобра рамнотежа.
Во ред е да сакате да бидете финансиски стабилни и да имате дополнителен приход, но мора да се грижите за менталното здравје со активности што ви годат и кои само ве прават среќни.
Ја прескокнувате паузата за ручек
Некои денови на работа се хаотично и во ред е да ја прескокнете паузата за ручек или да јадете на биро.
Но, ако никогаш не си дозволувате да отидете на пауза, која ви следи и според закон, немате никаква рамнотежа во животот.
Работите до доцна и после работа
На секој може да му се случи да биде преплавен со работа и да мора да продолжи и од дома.
Но, ова не треба да ви стане норма, особено ако не сте ни платени за прекувременото работење.

Не поставувате никакви граници
Некогаш треба да излезете во пресрет и да замените колега, да работите до подоцна, да промените нешто во последен момент…
Но, за сè има граница. Ако вие немате никакви граници и запоставувате буквално сè во животот за вашата работа, очајно ви треба подобра рамнотежа.
Горди сте што сте преморени од работа
Таканареченото „прегорување“ (или burnout) претставува состојба на емоционален, физички и ментален замор предизвикан од стрес, најчесто поради работа.
Ако вие се гордеете што сте преморени од работа, тогаш мора да промените нешто.
Повремено на секој ќе му се случи да „прегори“, но не треба да бидете горди на ова бидејќи на овој начин телото ви праќа сигнал дека треба да забавите.
Спирова С. | Црнобело
