За добрите работи треба долго, за лошите работи само еден миг е доволен

Само една докторска дијагноза за сериозна болест, сообраќајна незгода со трајни последици, несакана бременост, погрешен бизнис потег и сè се менува од корен.

za-dobrite-raboti-treba-dolgo-za-loshite-raboti-samo-eden-mig-e-dovolen-01.jpg

Животот повеќе не е таков каков што бил. Повеќе ништо не изгледа исто како претходно.

Сега, претстои борба и тестирање на силата колку можете да надминете, проголтате и прифатите. Сега, потребна е енергија од петни жили и посветеност за да успеете да гледате со ведрина на животот, кој само за еден миг ненадејно ви бил обоен во црно.

Работите повеќе не се прифаќаат здраво за готово. Има каење за сè што не сте ценело претходно. Освестување колку е животот непредвидлив. Болка што не сте биле свесни што сте имале и не сте зрачеле од среќа секој ден за истото.

И лошото доаѓа така за миг како ненајавен гостин на вратата. Ве остава подзинати и вчудовидени. Како баш вие? Како можеше ова да се случи? Што сега? Како да се продолжи понатаму?

Во таквите мигови се обидувате да се потсетите на сè што е добро во животот. Но, кога детално ќе размислите станувате иритирани. Зошто? Затоа што сфаќате дека за добрите работи ви биле потребни месеци, години и децении за да се случат.

Тие не дошле за миг како ова лошото. За нив сте искинале нерви, сте се труделе до истоштување, сте ги граделе цигла по цигла, сте паѓале и сте се дигале за да дојдат.

Ретко кога тие доаѓаат онака ненајавени како лошите. Да ве фатат неспремни, па да им се радувате до степен на солзи радосници. Обично се нешто кон кое сте целеле, кое сте го заслужиле и стекнале самите на некој начин.

Но, можеби тоа што подолго се чека повеќе се сака. Држете се за тоа како за утеха кога во ноќите нема да можете да заспиете и ќе се прашувате зошто за добрите работи треба долго, а за лошите работи само еден миг е доволен...

И кога ќе се случи тој лош миг, колку и да ви изгледа пеколно и колку и да се чувствувате беспомошно, помислете дека не сте единствените.

Животот е таков, а секој од нас води некоја животна битка порано или подоцна. Секој губи, страда, потфрла, секој се чувствува на моменти бесно, гневно, разочарано, поразено, истоштено, секој на моменти само сака да се откаже и да крене раце од сè, но потоа сфаќа дека животот сепак е еден, дека треба да се извади максимумот од него и дека кога е тешко мора да издржиме поради луѓето кои ги сакаме и моментите на среќа, кои сепак ќе дојдат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
„Да не е толкава мрза“ и уште 12 работи што Македонците би ги смениле кај партнерите Да бидеме искрени, никој не е идеален, ни ние, ни партнерот што е покрај нас. Со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg