Исповед: „Како доживеав отворање на срцето?“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


Исповед: „Како доживеав отворање на срцето?“

Колку луѓето се всушност ранливи под камениот штит што го поставуваат на себе?

ispoved-kako-dozhiveav-otvoranje-na-srceto-01.jpg

Прочитајте ја следнава искрена исповед и размислете дали можеби постапувате исто така:

„Целиот живот воопшто не бев свесна дека имам затворено срце и затоа се шокирав кога го сфатив тоа. Секогаш мислев дека сум добродушна и забавна личност која нема злобни, ниту зајадливи мисли и не прави сплетки меѓу другите.

Но, тоа не било дефиниција за отворено срце. Кога не си свесен дека си затворен, можеш многу да се лажеш себе. Тогаш сфатив дека затвореното срце е одбранбен механизам.

Во денешно време сите сме ранливи и незаштитени, а од самиот момент на раѓање веќе сме изложени на повреди. Многумина нè повредуваат несвесно, особено кога сме млади и кога не ги разбираме тие игри.

Првиот емотивен удар доаѓа како шок, но секој следен е послаб и послаб бидејќи нема услови да се развие во болка. Нашиот одбранбен механизам ни помага да ја заобиколиме таа болка, во овој случај затвореното срце.

Многумина се затвораат уште во детството, бидејќи не знаат како да се носат со болката и на тој начин стануваат рамнодушни кон сите. Но, тоа не значи дека не чувствуваме ниту бес, ниту лутина, ниту тага, или пак дека не знаеме да плачеме.

ispoved-kako-dozhiveav-otvoranje-na-srceto-02.jpg

Вистина е, затворени сме и кон оние од кои сакаме да добиеме љубов, се плашиме од повреди. Се плашиме дека ќе бидеме повредени од оние кои ги сакаме. Така, тоа преминува во навика и се рефлектира врз сите меѓучовечки односи.

Имам пријатели и благодарна сум на тоа. Сакам да поминувам време со нив, да им се доверувам, но да ги сакам, не знаев како. Не ни знаев дека треба.

Секако дека ги сакав, но тоа не го чувствував во себе. Не знаев дека моите пријатели можат да плачат за нешта кои мене не ме допираат, не знаев како баш тоа им недостига и како се грижат за мене?

Знаев и да се вљубам и да чувствувам страст, но реална љубов не ни знаев дека постои. А зборував и верував во неа. Со својот штит повредував и други луѓе, бидејќи мојата мисла водилка беше логиката, анализата, изговорите и мислев дека го правам вистинското нешто.

Постоеја емоции, но не ги чувствував во срцето.

Дојде денот и кога се поврзав со луѓе кои ме разбираа, кои во мене ја покренаа желбата да се отворам. Не знам како се случи тоа, но малку по малку и моето срце почна да се отвора и да чувствува. Се случуваа прекрасни нешта кои никогаш порано не сум ги почувствувала.

Беше прекрасно. Не знаев што се случува, но го препознав тоа. Да, моето срце повторно се затвора, но постојат и моменти кога е отворено, експлозивно, проследено со силни и чисти емоции и потреба за среќа. Тогаш почнав да откривам нови хоризонти, нови перспективи, цели нови вселени.

Како да не бев јас, но го обожавав тоа што ми се случува. Сакав да чувствувам љубов и да бидам исполнета, да постојам и да сакам сè околу себе. Отвореното срце е полно со љубов и бескрајно силно.

ispoved-kako-dozhiveav-otvoranje-na-srceto-03.jpg

Секако, има болка и повторно моето срце се затвора инстинктивно. Додека сум затворена ништо не ми пречи, но откако почнав да го контролирам зборовите бодеа директно во него. Не знаев како да примам удари и да не се затворам, тоа беше незамисливо.

Процесот на отворање не трае кратко. Може да одземе месеци и месеци додека да се ослободам од тој воспоставен и применуван одбранбен механизам. Уште се чудам како некои луѓе се повредени, но застануваат на нозе и продолжуваат. Колку само различни нешта нè повредуваат сите нас.

А кој е најголема пречка во тој процес? Егото! Кога еднаш ќе успеете да се изборите со него, отворањето на срцето ќе станува многу полесно. Откако ќе се навикнете да не се затворате зад штитот, ослободувањето од емоциите е многу полесно. Кога тие течат низ вас, полесно и излегуваат, перцепцијата се менува, а светот го гледате со сосема други очи.

Навикнете се и на тоа дека ќе бидете ставани на тестови, дека ќе се уморувате, дека ќе има и луѓе кои ќе ве извадат од такт. Но, не можете вечно да спиете во камениот штит.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Можеш ти жено сè што ќе посакаш, само немој да венееш покрај лошиот ма... Што сè постигнува една жена, знае само таа, иако често и не е свесна за своите м...
Типичен Балканец - ги знае сите сложени комбинации за спортска, но не ... „Знаеш што си бара жената одвреме-навреме? Ќотек си бара. Превоспитување, во слу...
Сите ќе станеме прав и пепел, излези надвор, вдиши љубов и сакај се! Што ти е животот? Здив воздух стиснат во дланката што во еден момент ја отвораш ...