Време е да престанете да го планирате животот

Дури и да не сте тип што сака да ги има конците во свои раце, сигурно барем еднаш во животот сте потклекнале пред пропагандата „нова година - нов почеток“ (бла бла).

Vreme e da prestanete da go planirate zhivotot 01 copy

Оние другите пак, секој 1ви јануари седнуваат на столче, земаат лист и пенкало во рака и решително ги запишуваат своите планови за новата година.

Да нема недоразбирање, не е лошо да имате цел во животот, одредена патека по која се движите, но многу е важно понекогаш да ризикувате и да не заборавате дека најважните работи и случките што ќе ви го променат животот најчесто се случуваат тогаш кога најмалку очекувате.

Хронологијата е илузија

Да завршам факултет, да положам за возачка дозвола, да се вработам, да купам стан, да купам кола, да се омажам/оженам, да имам деца… Зарем познавате некој кој успеал сето ова да го доживее по овој редослед? Најверојатно не.

Ќе завршите факултет, но можеби нема да најдете работа по вашето занимање; ќе положите за возачка дозвола, но можеби ќе немате пари за автомобил. И ќе се вработите, но можеби нема да се пронајдете во таа работа, а воопшто да не ја отвораме темата за тоа дали и кога ќе ја најдете личноста со која би имале деца.

Вдишете длабоко и опуштете се, по пат и помеѓу сите овие настани ќе се случат други, тотално неочекувани и ќе го променат правецот на вашиот живот. Ваше е да работите вредно и чесно и да уживате во патувањето. Заборавете на тоа каде планиравте да бидете денес, и фокусирајте се на тоа каде сте.

Помалку планови = помалку разочарувања

Кога се грижите за хронологијата на настаните во животот всушност и стоите на патот на сопствената среќа. Ако вашата пријателка од средно веќе има две деца а вие не, немате никаква причина за грижа бидејќи тоа едноставно не е вашата приказна во моментот.

Да, биолошкиот часовник отчукува, но дали треба да родите по секоја цена и само за да бидете „на време“? Апсолутно не! Заборавете на „to do“ листата и ќе се изненадите колку брзо животот ќе сврти во нова, позитивна насока. Плус, ќе се ослободите од непотребниот притисок.

Vreme e da prestanete da go planirate zhivotot 02

Плановите ги ограничуваат можностите

Да речеме дека вашата пасија отсекогаш била уметноста. Уживате да поминувате безброј часови пред сликарското платно, па дури и сте завршиле уметничко училиште. Но, постои веројатност дека од ова, па и од било кое друго занимање, нема да може да го вадите лебот во одреден период од животот.

Живееме во време на брзо промени; како едни индустрии се раѓаат, така други згаснуваат. Затоа отворете го умот за други области, читајте, едуцирајте се, посетувајте курсеви и искористувајте ја моќта на интернетот до максимум.

Така, и тогаш кога ќе налетате прилика што не е баш тоа на кое сте се надевале, ќе имате храброст и идеја како истата да ја развиете во ваша корист.

Пробувајте нови нешта

Постојат луѓе кои многу добро знаат што сакаат и и најубаво се чувствуваат во својата зона на комфорот. Еден едноставен пример - никогаш не сте планирале да ја посетите Германија бидејќи не ви се допаѓа тамошниот менталитет.

Сакате потопли места, каде луѓето се поопуштени и повеќе се забавуваат. Но, работните обврски ве носат токму таму и - изненадување! Толку убаво си поминувате што посакувате да се преселите.

Поентата е - проширете го хоризонтот и фрлете ја листата на нешта кои планирате да ги направите оваа година. Дозволете животот да ве изненади - и онака секогаш е по негово.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg