„Ах, таа е САМО домаќинка! - Не душо, таа е СУПЕРЖЕНА!“

„Мамо, а каде ми е долната облека? Мамо, каде ми се книгите? Душо, каде ми се чорапите? Немам што да носам! Мамо, дада не сака да излезе од тоалетот!“

ah-taa-e-samo-domakjinka-ne-dusho-taa-e-superzhena-01.jpg

Ако пребарате на Гугл што е домаќинка ќе дојдете до резултатот дека тоа е мажена жена, чија главна окупација е да се грижи за нејзиното семејство и нејзиниот дом.

Но, дали е навистина така?

Јас мислам дека домаќинка е силна жена, способна за мултитаскинг, која го посветува своето време на тоа да креира безбедна и топла средина за нејзиното семејство да расте.

Зошто мислам така?

Додека мажот, децата, кучето, сè уште спијат, денот на една обична домаќинка започнува многу порано.

Таа подготвува кафе за сопругот и појадок за сите. Таа треба да ја исчисти масата од нередот кој нејзините деца и сопругот го направиле минатата вечер и да постави оброк за ова утро. Додека го прави тоа таа им подготвува облека на нејзините деца за на училиште или во градинка, а на сопругот за на работа.

Тие конечно се будат и хаосот започнува.

„Мамо, а каде ми е долната облека? Мамо, каде ми се книгите? Душо, каде ми се чорапите? Немам што да носам! Мамо, дада не сака да излезе од тоалетот! Ве мразам сите! (вреска детето тинејџер)...“

Кучето е гладно, мачката мјаука. Милион прашања кои таа треба да ги одговори, милион одговори кои таа треба да ги даде секому и сето ова се очекува токму од домаќинката.

Сите го напуштаат домот. Сега е нејзино време.

Таа сега ја чисти кујната, спалните соби, тоалетот, дневната, гаражата, пере алишта, подготвува ручек, го брише подот, ја средува градината, оди во продавница, прави телефонски повици и ги организира дополнителните активности на децата.

Сега треба да го изнесе кучето на прошетка и откако ќе го заврши сето тоа може да се избања на мир. По кратка релаксација, повторно е време сите да се вратат дома и обврските почнуваат одново.

Таа поставува ручек, можеби ќе викне некоја сосетка на кафе и трач. Потоа сè стивнува и време е за филм  или семејни игри.

Не грижете се. Знаеме за дискусиите кои ги водите сами со себе. За прашањата кои си ги поставувате секоја ноќ пред спиење.

„Дали е погрешно само да се биде домаќинка? Дали се сите среќни и задоволни? Дали заборавив нешто? Дали ја исклучив пеглата? Дали јас сум во ред? Дали сметките се платени? Дали сите ја напишаа домашната задача? Дали алармот е вклучен?“

Сакам да знаете дека домаќинката никогаш не е само домаќинка, таа е супержена. Таа е силна и независна жена која на своите плеќи го носи целото домаќинство.

Ова е посветено на неа, на сите домаќинки кои даваат сè од себе за нивното семејство да функционира правилно.

Силни жени домаќинки, ви благодариме што постоите!

Извор

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв род... Драги мои, неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg