Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Животот е чекање - како да издржиме?

Тоа е реалноста која сите ние ја избегнуваме - животот е чекање. И тука не зборуваме за чекање ред во банка, во пошта или сред сообраќај; зборуваме за чекање на вистински нешта, нешта кои ќе ве комплетираат како личност.

Zivotot e cekanje kako da izdrzime 01

Чекате партнер кој никако да се појави.

Чекате работа што ќе ве исполни наместо да ве измори.

Чекате дете, а телото ве изневерува.

Чекате стабилност, а умот ви е константно во анксиозна состојба.

Чекате помирувње во врската бидејќи далечината од саканата личност ве боли.

Чекате да заздравите но се уште не може да застанете на нозе.

Ова чекање ве тера да ги преиспитувате вашите цели, вашите соништа и надежи повторно и повторно. Ако трае со месеци и години, чекањето може лесно да ве турне во очај, тага, па дури и страв.

Тогаш како да чекате нешто без да го загубите здравиот разум? Како да се научиме да живееме во исчекување и да не ја изгубиме надежта пребрзо?

Zivotot e cekanje kako da izdrzime 02

Чекајте без да ја игнорирате својата желба

Најдобриот начин да чекате нешто е да прифатите дека го чекате, наместо да бегате. Било тоа да е партнер, дете, оздравување - прифатете го фактот дека се уште не може да го имате и дозволете си да ги откриете најискрените свои желби. Можеби копнеете по сопруг/а, но во суштина да ви е потребно некој да ве сака поради личноста која сте.

Ако е така, тогаш свршувачката или бракот со некоја личност нема да го исполни вашиот копнеж во целост. Но, чекањето ќе ви помогне да стигнете до точка каде ќе согледате што друго би можело да ве исполни - можеби пријателите, некое хоби или ново работно место.

Чекајте со интегритет

Најтешкиот испит што треба да го положите додека чекате е вашиот став кон прашањето. Како реагирате кога не го добивате тоа што го сакате кога ќе го посакате? Каква личност сте кога животот ќе стане тежок и непопустлив кон вас? Сочувајте си го интегритетот и не задоволувајте се со брзи и привремени решенија само за да не чекате повеќе.

Мора да одолеете на искушението да си го скратите патот, дури и тогаш кога целта ви изгледа милион километри оддалечена од вас. Тоа значи да ги поддржите своите пријатели кога прават свадба или чекаат дете, а вие се чувствувате запоставени. Бидете благодарни за тоа што го имате, наместо да бидете огорчени поради тоа што го немате.

Чекајте откривајќи ја отпорноста во себе

Кога живееме во прангите на тензијата поради копнежот по нешто што се уште не ни се случило, може да реагираме на два начини - или да се надеваме, или да очајубаме. Можеби не ви се чини како избор, но се се сведува на тоа дали ќе живееме во страв дека она што го сакаме нема никогаш да се случи, или ќе го живееме животот радосни што воопшто го имаме и ќе се надеваме на подобри денови.

Бидете свесни за тоа што го имате и знајте дека ви е доволно, затоа што вашата вредност се крие во вашето срце, без разлика што е тоа што го чекате.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
10 причини зошто ја сакаме зимата Носиме дебели џемпери, ноќите ги минуваме стуткани под ќебе и има куп неработни ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg