12 правила за тоа како да се биде човек

Животот за многумина е нерешлива мистерија, загатка која најчесто има премногу сложени или еден, единствен, прост одговор. Во секој случај, ова се 12 лекции кои треба да ги прочитате, да ги запаметите и да се придржувате кон нив… а доколку дел од нив ги заборавите, без грижа.

12-pravila-za-toa-kako-da-se-bide-covek-01.jpg

Ќе се сетите на нив тогаш кога ќе ви се најмногу потребни:

1. Ќе добиеш тело. Засакај го такво какво што е или води битка како да го промениш целиот свој живот, изборот е твој и само твој.

2. Ќе научиш многу лекции. Секој ден е како ден поминат во училиште. Нема да помине ниту еден без научена лекција за некого, нешто или за себеси. Обрни внимание.

3. Не постојат грешки, само лекции. Ниту еден погрешен чекор не е бесмислен и не треба да размислувате за истиот со каење. Сите грешки ве обликувале во личноста каква што сте денес, а тоа е пат кој е вреден да се изоди.

4. Лекцијата се повторува додека не се научи. Доколку чувствувате дека си ја удирате главата во ѕидот, тогаш веројатно го правите тоа. Запрете, послушајте го гласот на животот кој ви покажува каде упорно ги повторувате истите грешки и раскинете го синџирот.

5. Човекот учи додека е жив. Никогаш не си готов со учењето. Секогаш има нешто ново што може да се научи или дел од душата кој може да се ослободи.

6. Не постои подобро време од „сега“. Секогаш ќе сакаш нешто повеќе доколку тоа е она што константно го посакуваш. Погледни околу себе, помири се со сегашноста и иднината ќе се открие онаква каква што треба да биде.

7. Другите се огледала на тебе. Не можеш да сакаш или да мразиш некого, освен ако овие луѓе не рефлектираат нешто што го сакаш или мразиш кај себеси.

8. Она што ќе го направиш со својот живот зависи само од тебе. Каде или како си роден не е воопшто важно. Имаш сè што е потребно за да го постигнеш сето она што го сакаш. Можеш да се потпреш само на себе. Само на себеси.

9. Животот е токму она што мислиш дека е. Доколку почнеш да веруваш во себе и да ги визуализираш работите што ги сакаш, наместо да го трошиш времето на беспотребно грижење, ќе видиш дека животот е онаков каков што го правиш да биде.

10. Одговорите лежат во тебе. Сите одговори на животните прашања се кријат во тебе. Сè што треба да направиш е да погледнеш наоколу, да слушаш, да веруваш. Да истражуваш подлабоко, одговорите се тука. Отсекогаш биле таму.

11. Ќе го заборавиш сето ова.

12. Ќе успееш да се сетиш кога и да посакаш.

Извор

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg