Луѓето кои слободно можам да ги наречам „канцер“ на 21-от век...

lugjeto-koi-slobodno-mozam-da-gi-narecam-kancer-na-21-ot-vek-001.jpg

Луѓето кои ти ѕиркаат во паричникот, фрижидерот, креветот, корпата за валкана облека... Ти се пикаат помеѓу стриите, прстите и зад твоите завеси.

Паметат кој те донесе дома и дали под широкиот џемпер криеш стомаче и како токму сега ти текна да се облекуваш полежерно, кога еден ист автомобил те враќа дома касно... Хмм...

Погодуваат...

И да промашат – тогаш си само дебела.

Па, и од тоа прават новост.

Роднините кои пијат терапија кога ти ќе постигнеш успех, но на маса ти прават „живели“, бидејќи се знае редот...

Пријателите кои ти ги бројат килограмите, брчките, белите влакна...

И патувањата на кои не отиде.

Комшијата кој со тебе се обидува да разговара за подобро утре,

А ти го фрла ѓубрето пред врата.

Родителите кои на твојата оценка велат: А, што доби Ана?

Луѓето кои не кажуваат ништо кога ќе ги поздравиш.

Братот кој не е ни сигурен во кој град живееш – „Некаде е низ Германија, мислам некаде на север...“

Тетката која ја немаш видено од бебе, но тајно те следи на Фејсбук.

И сестрата која не знае дека имаш дијабетес – „Па добро, изеде и премногу благо.“

Луѓето кои ти се најблиски, а можеш да забележиш дека имаат твоја вуду кукла.

Докторот кој ти вели: „Што чекаше до сега?“

Другарот од детство кој е на терапија, а кога се жалеше никој не го сфаќаше озбилно.

Светот во кој никој не се врти по жената која сама плаче на паркингот.

Светот во кој децата ги малтретираат уличните мачки. И се измачуваат едни со други.

Светот во кој е успех да бидеш со личност која сам си ја одбрал, во 21-ви век.

Светот во кој да бидеш свој е најголем успех и најголем грев.

И се прашуваш, што ти ја уби среќата?

Извор

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg