„Зјапате“ во телевизорот или вечерате на маса со семејството?

Во условите на денешното отпадништво, семејството ги трпи најсилните удари и со сигурност го носи епитетот најзагрозена човечка заедница.

vecherajte-zaedno-so-semejstvoto-01.jpg

Има многу работи што ги разделуваат семејствата, а премалку што можат да ги спојат нивните членови. Можеби, заедничката трпеза би бил добар начин да се собере целото семејство.

За семејството можат да се кажат многу патетични зборови. А, јас ќе се ограничам само на овој совет-желба: Пријатели, вечерајте заедно – целото семејство. Нагласувам: Заедно – на иста маса, а не пред телевизор.

Во нашите услови, отпадниците треба да почнат од наједноставното – од заедничката семејна трпеза, која може да ги зближи и најраздалечените, оние кои се разделени како никогаш порано.

Сѐ до неодамна, обичното семејство делеше еден телевизор, но сега секој си има свој личен. Покрај тоа, имаме огромен број разни гаџети и уреди, во кои човекот целосно се задлабочува, заборавајќи сѐ на светот, вклучувајќи ги и своите блиски.

Неодамна, една млада, убава и паметна личност, со горчина ми кажа за тоа како се распаднал нејзиниот брак.

Сѐ било банално до крајни граници, немало никакви драми со неверство или агресивен алкохолизам. Едноставно, долго време била свртена со грб кон својот млад сопруг, кој бил задлабочен во компјутерот и неа ѝ здодеало од тоа.

„Дури не се ни скаравме како што треба. И до денес одвреме-навреме му се јавувам и некое време мирно разговараме, сѐ додека не ми каже со возбуден глас ‘Чао, ми почнува партијата', ми вели таа.

И покрај тоа што горенаведениот пример кажува за очигледна патологија – игроманија, тоа сепак, ми се чини, укажува на општа тенденција што е карактеристична за современото семејство. Односно, за она што останало од него.

Мажите и жените, децата и родителите, едноставно не разговараат. Родендени, прослави, манифестации и свадби не значат дружење, бидејќи има прегласна музика.

Поради недостатокот од внимание, особено страдаат децата, бидејќи нив им е најпотребно. Вниманието го поттикнува развојот на говорот кај децата, способноста мирно да го бранат својот став, како и да ги шират нивните погледи. Им помага да ја развијат логиката и да ги постигнат животните цели.

На пример, кога се запознавам со деца од разни возрасти, започнувам со прашањето: Одлучи ли што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Во поголемиот дел од случаите, децата одговараат дека сѐ уште не размислувале за тоа.

Во останатите случаи, поради некоја причина, најчесто ја одбираат професијата полицаец – веројатно телевизиските серии имаат такво влијание врз детската свест.

Но, со децата никој не разговара. Постарите ги доживуваат како предмети. А, едноставната навика за доверлив разговор би можела да ги заштити од многу кризи.

Ако се навикнат да ги споделуваат нивните чувства со родителите, децата можат, на пример, да ги избегнат фобиите, а потоа да пораснат во поприродни и похармонични личности. Нема да ја изгубат врската со родителите, нема да прават многу глупости.

Затоа, покрај заедничките патувања со автомобил, заедничката семејна трпеза сега е единствениот начин семејството да остане семејство.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
Шеговита, но вистинита објава за ставот на децата кон своите мајки (на различна возраст од животот) На 4 години – мама знае сè. На 8 години – мама знае многу. На 12 години – мама н...
Дечињата со посебни потреби се птици со скршени крилја – тие се убави како и сите други, само им тре... Родителите на децата со посебни потреби креираат еден посебен свет за своите дец...
Расправии околу имотот, преселби во странство, разделени родители - Семејните кавги го уништија топл... Дали некогаш браќа ќе престанат да се караат поради тестаментите со наследство и...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
„Ах, кога баба ми месеше зелник - Нема поубаво, тоа е мирисот на моето детство“ Во моето семејство традиција беше правењето на зелник. По рецептот на баба ми. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg