„Ми се може!“ – вистинскиот луксуз е да го живеете животот онака како што сакате

Луксузот не е шминка, ни ресторани, ниту високи штикли. Вистинскиот луксуз е да живеете онака како што вам ви се допаѓа.

Vistinskiot-luksuz-e-da-go-ziveete-zivotot-kako-sto-sakate-01.jpg

Во удбни чевли и боја на кармин која вам ви се допаѓа или пак без грам шминка. Да го јадете што го обожавате, да се дружите со оние со коишто ви е убаво, да бидете со некого поради љубов, е не поради чувството на обврска.

Научете да го исфрлите непотребното од животот, она што застарело, што се истрошило, но чувајте го она што го сакате.

5-годишната ќерка на мојата пријателка целиот свој живот со себе ја носи својата лажичка кога оди на гости. Може да си го дозволи луксузот да јаде со лажичката којашто ѝ се допаѓа.

Нејзината мајка се срами поради тоа и секогаш се обидува да ја оправда. А јас почна да носам на излети свој прибор и убави чинии, бидејќи не сакам да јадам од пластика. И баш ми е гајле што ќе помислат другите за тоа.

Луксузниот живот не е „затоа што заслужуваш“ туку затоа што таа работа ти е достојна. Шолјата која ти ја подарила сестра ти. Маицата од тато која ти е најпријатна за спиење.

Колачот по рецептот на мама. Бакнежот од човекот што го сакаш. Интересни книги. Добри филмови. Омилени песни. Свежо испрана постелнина. Чист дом. Животот којшто си го избрала.

Луксузниот живот не подразбира нервирање кога работите не одат како што треба. Чорапите може да се скинат. Тестото може да не нарасне. Пријателите не сакаат да го гледаат твојот омилен филм.

Саканата личност може да те остави. Можеби нема да го добиеш унапредувањето на работа. Сè може да се случи. Доколку нешто не ти успева, тоа не влијае на твојата вредност. Тоа само значи дека во моментот работите не се одвиваат онака како што посакуваш.

Луксузниот живот значи да ја имаш можноста да избереш. Да ги закрпиш скинатите чорапи или да си купиш нови. Да го фрлиш колачот во канта, да нарачаш пица или да се обидеш да испечеш нов.

Да го гледаш сама филмот или да излезеш со пријателите. Да се препуштиш или да се бориш. Да побараш нова работа или да ги ревидираш своите цели на старото работно место.

Луксузниот живот значи да се живее по свои правила. Да се насочиш кон своите цели. Да не бараш оправдувања. Да не заобиколуваш. Да не ги правдаш своите избори, своите соништа и интереси.

Моќта да кажеш: Со мене не може вака.

И да кажеш: Ми се може!

Извор

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg