Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вие што ме чувавте болна, вие да сте ми живи и здрави

vie-shto-me-chuvavte-bolna-vie-da-ste-mi-zhivi-i-zdravi-01.jpg

Кога си болен, тогаш сфаќаш кој те сака.

Звучи клише, но е најголемата вистина на сите времиња.

И бев болна и тогаш сфатив дека некои луѓе сакаат повистински, поискрено, повеќе од сите други.

Некои луѓе ќе си го жртвуваат и комфорот и времето и енергијата само вие да сте добро.

Некои луѓе кога палат свеќа во црква секогаш ќе замислуваат една и иста желба - вие да сте добро.

Некои луѓе ќе се грижат за вас со сила и посветеност како родител.

Некои луѓе ќе се молат секоја ноќ вие да оздравите.

Некои луѓе ќе ве караат кога правите постапки со кои се загрозувате себеси.

Некои луѓе ќе се радуваат и на најмалото подобрување на вашата состојба, како тоа да е најголемото случување на векот за нив.

Некои луѓе ќе ве сакаат толку многу што ќе ви дадат сила да се борите во миговите кога најмалку ја имате.

Некои луѓе ќе покажат дека никогаш не сте ни можеле да претпоставите колку тие всушност ве сакаат.

Некои луѓе безрезервно ќе се жртвуваат за да ви помогнат.

Некои луѓе ќе немаат други желби освен вие да оздравите.

Некои луѓе ќе ве сакаат скршена како вие да сте највредното нешто на светот во тој миг.

Некои луѓе ќе ви дадат волја за живот и кога нема да има ниту грам таква во вас.

И тие некои луѓе да си ги чувате.

Тие некои луѓе злато вредат.

И за тие некои луѓе само една желба: „Вие што ме чувавте болна, вие да сте ми живи и здрави.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерко, немате трпение вие младите, затоа се разведувате, јас сум во брак 45 години „Ќерко“, јас сум во брак 45 години, сопругот од кревет го станав... Имаше мозоче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg