Зошто старите луѓе „го пикаат носот“ во сé, но не треба да им се лутите?

Често не разбираме зошто мајките и татковците ни се јавуваат по 5 пати на ден. Зошто толку навлегуваат во ситници со кои ние не се заморуваме.

zosto-starite-lugje-go-pikaat-nosot-vo-se-no-ne-treba-da-im-se-lutite-001_resize.jpg

„Знаеш ли што е најлошото кај стареењето?“

„Што?“

„Тоа што стануваш невидлив.“

Додека сте млади, сите сте убави, застрашувачки или питоми, привлечни или одбивни, но со годините сето тоа исчезнува. Тогаш не сте ни убави ни грди, едноставно сте – невидливи. Стари.

Старите луѓе се безимен свет.

Единствената работа која бабите и дедовците ја имаат е староста.

Обрнете внимание – за старите лица никој не вели: тој е инженер или таа е одличен сметководител. Најчесто слушате дека тој има 80 години, таа наполнила 75.

Нивните колеги и пријатели се или починати или друштвено неактивни. Тие ја напуштаат куќата само кога одат до продавница и престануваат да се дружат едни со други.

Децата си имаат свој круг на пријатели, живеат во посебни домови и комуницираат преку мобилен телефон. Околу возрасните лица секогаш има некои нови, млади соседи кои имаат свој живот. Во продавница сега работат некои нови, млади продавачки.

Често не го разбираме вакуумот во кој се ставени нашите родители. Не ја разбираме својата мајка која ни се јавува 5 пати на ден. Не го разбираме ни својот татко со какви ситници се заморува.

Но, само сакаат да се прашуваат, да дискутираат околу нешто. Се плашат дека ќе ја изгубат поврзаноста со вас. А, за тоа не можете да им се налутите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg