Душо, сфати веќе еднаш дека не може сите да те сакаат и крени раце

Ќе има луѓе што нема да те сакаат во животот и тоа е сосема во ред...

dusho-sfati-vekje-ednash-deka-ne-moze-site-da-te-sakaat-i-kreni-race-01.jpg

Престани да се оптоваруваш дека мора да се допаднеш секому.

Престани доцна во ноќите да лежиш во креветот будна и да се прашуваш што правиш погрешно.

Престани да си го мачиш умот зошто таа личнопст не те сака.

Престани да веруваш дека секој треба во животот да му се допадне секому.

Сфати дека перцепцијата на некои луѓе за тоа што си ти не можеш да ја промениш.

Крени раце од борба со ветерници и кажи си дека животот можеш да го минеш и без нивната љубов.

Доста си судиш дека било што правиш погрешно.

Доста се тормозиш дека мора да се промениш за да бидеш подопадлива за некого.

Доста си ставаш кочници на тоа да бидеш тоа што си, само поради нивните коси погледи.

Доста си ги ставаш нивните зборови на срце, тие за тебе се невидливи, не постојат.

Доста се мрачиш толерирајќи присуство во својот живот на луѓе кои не сакаш да бидат дел од него.

Доста те јаде инаетот дека не може некој тебе да не те сака.

Ајде сега ослободи се од прангите...

Запри со губењето на време на нив.

Дај им билет во еден правец од твоето секојдневие.

Перцепирај ги како неважни за твоето постоење.

Фокусирај се на луѓето кои се вредни за твојата љубов.

Фокусирај се на луѓето кои те сакаат со целото свое срце токму онаква каква што си, да со сите твои „неподносливи“ мани.

Животот е прекраток за да губиш време на самообликување на начин да си сакана од сите, а притоа заборавајќи на основното, на љубовта кон себе.

Ако толку многу се промениш, дали ќе ти биде удобно во твојата кожа?

Дали ако ти престанеш да се сакаш себеси нечија љубов ќе ти вреди пет пари?

Не, нема, знам дека тивко си говориш.

Тогаш што чекаш? Ова нека ти биде првиот ден од остатокот од твојот живот кога ќе се помириш со фактот дека не може сите да те сакаат и уште поважно дека навистина нема потреба сите да те сакаат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg