Драга жено: Престани да мислиш дека си незаменлива и да се споредуваш со другите

Prestani-da-01.jpg

Престани кога стоиш пред огледалото да го истакнуваш само тоа што не ти се допаѓа.

Престани да зборуваш само лошо за луѓето, особено кога не се присутни.

Престани да се жалиш.

Престани константно да размислуваш за она што го немаш.

Престани да изгледаш намуртено.

Престани да му ги набројуваш на партнерот само оние работи што не ги направил добро.

Престани да си ги гризеш живците, усните и ноктите.

Престани да се споредуваш.

Престани да зборуваш дека „можеш“ кога не можеш, „сакаш“ кога не сакаш и „важи“ кога не важи.

Престани да јадеш „од нога“.

Престани да си ги пребаруваш симптомите на интернет.

Престани да го архивираш во главата само лошото што го кажале за тебе.

Престани да мораш да бидеш среќна.

Престани да си ги задржуваш солзите.

Престани повеќе да му веруваш нему отколку на своите очи.

Престани да ја одбиваш помошта од луѓето коишто може да ти помогнат.

Престани да се обидуваш да бидеш најдобра.

Престани да мислиш дека си незаменлива.

Престани секоја критика да ја доживуваш како напад врз својата личност. Кој знае, можеби и нешто ќе научиш.

Престани постојано да зјапаш во телефонот.

Престани да викаш такси дури и за најкусото растојание, пропешачи.

Престани да ги купуваш работите кои не ти се потребни, само за да потрошиш пари.

Престани да го чекаш следниот понеделник.

Престани да се обидуваш да ги смениш луѓето.

Престани да им ги потенцираш граматичките грешки на луѓето.

Престани да го „манијачиш“ поранешниот дечко.

Престани да седиш со задникот на две столчиња.

Престани да зборуваш колку се супер (или не се) работите за коишто немаш поим.

Престани да бараш, дозволи да те најдат.

Престани, само престани.

По 3 недели од престанувањето, аплаудирај си самата на себеси.

Затоа што само храбрите, спремните, големите и силните престануваат.

Извор

Би можело да ве интересира:

„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Александар Белов за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж, во глава си пеев 'еден бакнеж и магија се ... „Се каам што по завршувањето на Операција триумф се уплашив од продукцијата и до...
Слаткар за CRNOBELO лексикон: „Првата симпатија ми се викаше Сања“ „Мислев дека Монте Карло е најубавото местои на светот. Бев таму и после тоа сум...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...
10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации) Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg