8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени

Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интернет... Кои работи од минатото денес се застарени?

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-01.jpg

Живееме во време кога трендовите се менуваат со огромна брзина. Денес сте си купиле некоја забавна „играчка“, а утре таа веќе ќе биде „демоде“.

Некои работи по кои лудувавме пред само неколку месеци, сега се сметаат за застарени, а некои трендови од минатото се враќаат.

Кои се тие?

Безжични слушалки

Пред неколку години скоро и да не постоеше човек што немаше безжични слушалки. Практични се и нема кабел кој „виси“ околу вас.

Но, денес сè повеќе луѓе (особено од помладата генерација) се враќаат на слушалките со кабел, а безжичните модели ги оставаат дома.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-10.jpg

Филтри за фотографиите

Иако и денес многумина ставаат филтри со боја на фотките што ги објавуваат на социјалните мрежи, повеќето решаваат да споделат „природни“ фотки со реални бои, наместо искривена верзија на фотографиите.

Од друга страна, многумина и понатаму употребуваат апликации за „разубавување“ на ликот, што се смета за голем минус, особено кога ќе се претера со „пеглање“ на лицето за да биде мазно и без брчки.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-05.jpg

Работа без одмор дури и за викенд

Постарите генерации се познати по тоа што работеле (а некои и денес работат) без одмор и слободен ден, дури и за викенд.

Но, помладите луѓе, иако се подготвени да работат напорно за да успеат во кариерата, сепак сакаат време за одмор и време за себе, па често одбиваат работа која не нуди слободен викенд.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-12.jpg

Одење во кино

Истражувањата покажуваат дека сè повеќе луѓе сакаат да гледаат филмови дома отколку да одат во кино и дека во кино почесто одат повозрасните генерации.

Стриминг платформите се во подем, бројот на претплатници расте, а кино посетите се драстично намелени.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-13.jpg

Кревање тегови во теретана

Денес е попопуларно да се вежба со сопствената тежина, отколку да се креваат тегови во теретана.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-20.jpg

Барање рецепти во тетратките на баба

До пред само неколку години рецептите ги пребарувавме во старите тетратки на бавите, а денес (особено младите) пребаруваат рецепти на Инстаграм и Јутјуб.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-11.jpg

Премногу маскара

Последниве години се смени и начинот на кој жените нанесуваат маскара - ако порано ставаа и на горните и на долните трепки, сега повеќето (посебно помладите) нанесуваат маскара само на горните трепки.

Или одат на „лифтинг на трепки“ со кој трепките се виткаат нагоре и им се нанесува црна боја, па кога ќе станете од спиење изгледа како да сте нашминкани.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-14.jpg

Пластични ќеси

Светот сè повеќе станува еколошки освестен, па ако во минатото се користеа пластични ќеси за купување во маркет, денес луѓето користат платнени торби или мрежи.

8-raboti-po-koi-nekogash-luduvavme-a-denes-se-zastareni-15.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg