За докторот со студен израз на лицето на кој животот му го должам

za-doktorot-so-studen-izraz-na-liceto-na-koj-zhivotot-mu-go-dolzham-01.jpg

Ме прими во неговата докторска ординација на консултација.

За првпат во животот ми играше капакот на десното око од стрес. Верувајте кај сериозна болест, најстрашен е периодот на дијагностицирање и проголтување на дијагнозата. Во справувањето со истата и терапијата веќе се имате помирено со тоа што ви се случува и давате сѐ од себе за да излезете како победник од ситуацијата.

Но, кога ви дијагностицираат прво се молите на добар резултат, па сте разочарани доколку стигне лош резултат, имате чувство на неверување, не сакате да прифатите дека тоа е реалност, па како можеше тоа да ви се случи вам, толку сте млади, толку изгледате силно, здраво и енергично. Но, бум се случува.

Телото ви е во шок. Вие сте во шок. Се чувствувате изгубено, испаничено и безпомошно.

Никој, апсолутно никој, во ваква ситуација не може да остане камен. Ниту ментално најсилниот човек. Гарантирам.

Може нема да плачете по улици како другите, но дома и тоа како ќе ја наводените перницата со солзи.

Но, ќе трае кратко. Затоа што, ако имате среќа, пред вас ќе се појави еден цврст професионалец, еден доктор од стар ков кој едноставно ви влева страхопочит, но и сигурност. Го гледате и имате чувство дека можете да му верувате, дека сте во вистинските раце, дека тој најдобро знае што е правилно за вас.

Не ве жали, изразот на лицето му е студен, скржав е на зборови, само упорно гледа во вашите наоди. Ги чита, ги прелистува и ви кажува дојдете тогаш и тогаш на операција, планот е да направиме вака.

И вие само се заблагодарувате на Бога затоа што наидовте на него. Не се колебате дали ќе направи добра операција, дали нешто ќе отиде во лош правец, туку верувате дека тој има моќ, знаење и искуство и дека за вас ќе го направи најдоброто што може да биде направено.

И потоа спиете мирно. Не ја преиспитувате неговата одлука, не си го мачите мозокот да се консултирате со други стручни лица од таа област и си го чекате денот на операцијата.

По пат, во текот на целата процедура, ќе сретнете други доктори, но некои од нив толку ќе ве сожалуваат што ќе ве растревожат и расплакаат, други нема да направат да се чувствувате безбедно, некако нема да ви влеат доверба, за трети можеби ќе бидете само бројка. Секој од нив дефинтивно ќе биде значаен дел од вашата битка за закрепнување, но овој еден доктор ќе биде алката без која не можете да го замислите целиот процес.

Ќе ја помните секоја црта од неговато лице, распоредот на секоја брчка, начинот на кој ги движи рацете затоа што тој за вас бил сламката за спас во најтешкиот животен миг.

Нема да го заборавите никогаш. Срцето ќе ви биде полно со благодарност за него. Години потоа ќе се сеќавате колку добро се погрижи за вас. Ќе слушате за немили ситуации, погрешни пристапи кон одредени дијагнози, туѓи лоши искуства и само ќе сакате да го гушнете вашиот доктор.

Ќе ви значи многу. Дури и тој да не се сеќава на вас, вам ќе ви биде една од најзначајните личности во животот.

Посветено – За мојот доктор

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
Вашите деца не се виновни за вашиот лош ден, фрустрациите, за вашето скршено срце Важно е да научите да се борите против заморот, тагата, стравовите и нерешените ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg