„Мораш да научиш дропки, биноми и триноми, нема да имаш дигитрон во џебот!“ – Дојди кажи му го тоа на мојот телефон денес

Nema-da-imas-digitron-vo-dzebot-01.jpg

- Мораш да научиш дропки! Мораш да научиш тангенс и котангенс! Мораш да научиш разложување на квадратен трином на линеарни множители!

- Ама зошто морам? – ќе прашав со моето несигурно гласче, типично за учениче во пубертет.

- Затоа што нема да имаш секогаш дигитрон во џебот!

Ха. Да постои патување низ времето дефинитивно би сакала да се вратам назад, да извадам некој од денешните телефони кои сите ги носиме со себе во секој можен момент и да го размавтам пред загрижените лица на моите родители, ужаснати поради тоа што одбивам да си го заморувам мозокот со биноми и триноми.

И покрај мојот одличен успех, морам да признаам дека ми беше многу напорно на училиште и дека не уживав во него.

Знам, ќе си кажете – па тоа ти е единствената работа на тие години. Да учиш. Само што не сфаќам зошто сум морала и зошто и новите генерации сè уште мора да учат работи кои едноставно не ги интересираат и работи од кои нема да имаат никаква полза во животот (со чест на исклучоци кои ќе се одлучат за насока поврзана со математиката).

Секое дете покажува афинитет кон одредени нешта – спорт, музика, глума, пишување, математика, јазици, природни науки.

Но реалноста е дека е преоптоварено со толку многу предмети, што вистинскиот талент најчесто нема да го препознае никој или ќе си го закопа длабоко во себе, за сметка на „сите петки“ по сите 13 предмети.

Јас знаев дека нема да бидам математичар. Ниту програмер. Тогаш зошто, покрај основните математички функции и таблицата множење и уште некои дополнителни работи за развивање на логиката, морав 12 години да слушам математика најмалку 2 пати седмично?

Сето тоа изгубено време, сите нервози, сите дополнителни часови и професори кои ги плаќаа моите надвор од училишните клупи, сите пролеани солзи за таа четворка или тројка, зошто?

Толку многу години после тоа, ситуацијата воопшто не е променета. Напротив, влошена е. Ако јас сум имала 6 предмети од прво до четврто одделение (математика, македонски, музичко, ликовно, физичко и природа и општество), денес децата имаат во просек околу 10 (вклучително еден или два странски јазици, граѓанско, вештини, посебно природа, посебно општество и што уште не).

Кое дете од 9 години очекувате да го издржи целиот овој товар на наставната програма? На крајот, децата покажувале слаби резултати, биле незаинтересирани или пак глупави. Не. Програмата ви е лошо скроена и несоодветна. Ако во моето/нашето време имаше непотребни работи за учење, денес помножете ги по 10 и ќе ја добиете сликата за очајот.

Зошто детето што е талентирано за музика не смее да има секој ден музичко? Или тоа што е талентирано за јазици да не се развива во вистинската насока? Или она што покажува интерес кон природни науки? Зошто мора да слуша историја доколку не го интересира? Или да си го заморува мозокот со биномите и триномите како јас, иако сè што сакав беше само да читам книги и да пишувам?

Зошто да немаме изборни предмети, покрај неколку основни задолжителни? Зошто стручните училишта се гледаат со потсмев во денешно време?

Демек, многу попаметен и поспремен ќе излезеш од општата гимназија со 14 предмети заради кои си се „убил“ од учење, а немаш практично познавање од речиси ништо?

Додека растев и се соочував со овие проблеми, имав некоја надеж дека еден ден ќе се сменат толку многу работи и моето дете ќе биде дел од сосема поинаков систем кој ќе ги препознае неговите квалитети и афинитети и нема да му натура непотребен материјал за учење.

Денес, додека решаваме онлајн задачки, истите што и мене ме мачеле на времето, сфаќам дека не сме мрднале од мртвата точка. Што е тажно и поразително.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg