„Ако жена ми се здебели ќе ја оставам одма“ – а замисли таа да те остави прва?

1000 луѓе, 1000 чуда. Каде ако не на работа ќе слушнеш толку многу шареноликости, нешто паметно, нешто глупаво. Нешто што ќе те насмее, нешто што ќе те изнервира.

Ako-zena-mi-se-zbucka-ke-ja-ostavam-odma-01.jpg

Група колеги коментираа за зголемената тежина на една од колешките. Тогаш се слушна гласот на едниот колега кој практично се издра: „Ако моја жена се здебели така, ја оставам одма“.

Мислев дека човекот се шегува. Секако дека беше сериозен. Тажното е тоа што не е сам. Многу други луѓе го мислат ова. И не е ограничено само на машкиот или женскиот пол. Некои го признаваат отворено, други го кријат, а сепак длабоко во себе го мислат ова.

Што илустрира една тажна слика на несреќни поединци на кои очигледно им е важен само надворешниот изглед. Дали го одбравте партнерот само и исклучиво поради тоа како изгледа? Зарем ништо друго не ви е важно и ништо друго не ве привлече кај него или кај неа?

Животот е тркало, денес си слаб и згоден, утре може да си збуцкан, „елегантно пополнет“ или со груби зборови дебел.

Да, им се случува и на тие што најмалку го очекувале тоа. Не знаеш што носи животот. Носи бремености. Носи болести. Носи компликации со хормони, носи проблеми. Носи депресија.

Одеднаш си во телото коешто не го препознаваш. Како да е нечие туѓо. Доволно лошо и трауматично е што мораш да се соочиш со одразот во огледалото.

А да слушнеш пак како партнерот би те оставил за неколку накачени килограми, па зарем има полошо од тоа?

Јас сакам некој што ќе биде со мене поради мене. Не сакам бројката на вагата да го диктира темпото на нашата врска.

Не сакам некој што потсмешливо си игра мајтап со мене на само или пред пријателите, „хе-хе“ мојата жена буцка и нејзините спојлерчиња … или види се на што личиш ма (вметни погрден израз тука).

Или некој што постојано ќе зборува за диети и слабеење, наместо да ми помогне да го пребродам тешкиот период низ кој поминувам.

Да, убавината привлекува. И секој сака да е убав и привлечен. Не сум запознала човек што за себе вели – имам желба да бидам грд и непривлечен. Но, сите се борат со сопствените демони и стравови.

Сета таа осуда за изгледот на телото, слабо или дебело, е безумна. Голема си како шифоњер. Слаба си како стап за чукање ореви. И сега? Подобро се чувствувате самите со себе откако ги кажавте некому овие работи?

И си помислувам – луѓето се разболуваат. Се борат со тешки болести, како канцер. Се повредуваат во тешки несреќи и остануваат инвалидизирани или неподвижни до крајот на животот. И некој е тука покрај нив.

Ги држи за раката, им ги брише солзите, ги гушка, се грижи за нив, ги гледа со истата љубов и посветеност како првиот ден.

А некој е спремен да ја остави жената ако качи 6 килограми. Па каков партнер сакате покрај вас драги луѓе?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg