„Ме боли тука, работата ми е ужас“ – јас би те оставил за 24 часа да сум ти маж

me-boli-tuka-rabotata-mi-e-uzhas-jas-bi-te-ostavil-za-24-chasa-da-sum-ti-mazh-01.jpg

Не можам јас тоа, леле ме боли грбот, леле што ќе правиме, шефот ми е ужасен, работата напорна, домашните обврски тешки, детето бесно, сѐ е црно, ќе нè убие комета...

Добро за последново се шегувам, се разбира, но навистина не ги можам. Луѓе подвижни депресии. Луѓе кукавици на кои најчесто животот и не им е така лош, туку тие самите така го гледаат.

За нив сѐ е мрачно, за нив сѐ е тешко и безизлезно.

Се жалат со утринско кафе, попладневен чај и вечерна закуска. Се жалат во понеделник, вторник, среда... Се жалат дома, на работа, кај пријателките.

И најважно од сѐ НЕ ПРЕЗЕМААТ НИШТО.

Не ја менуваат работата што не ја сакаат, не се обидуваат да го воспитаат детето што не ги слуша, ниту почнуваат да постапуваат поодговорно кон своето здравје.

Од друга страна пак ниту ја прифаќаат ситуацијата таква каква што е и да функционираат најдобро што можат при истата.

Само нив им е тешко. Само врз нив светот се срушил.

Прво ги сослушувате, па ги тешите и на крај си велите кој има енергија и способност да ги трпи овие жени вака секој ден, па јас да сум ѝ маж би ја оставил во рок од 24 часа.

Животот не е депресивна епизода што мора да ја одживеете и не не ви следува нешто подобро по него.

Сега и тука е и време е да почнете поинаку да реагирате на работите.

Според вас кога ќе дојдат подобри времиња? Ќе се жалите до последниот ден од вашиот живот? Ќе живеете и ќе умрете како огрочена личност незадоволна од ништо и никого?

Изгледа до вас е проблемот и вашето мрачно гледање на сѐ што ве опкружува.

Верувајте и другите ги имаат вашите проблеми, а најверојатно и многу поголеми, а живеат живот 3 пати поквалитетен од вашиот.

Зошто? Затоа што го ценат, затоа што уживаат во него, затоа што знаат дека животот е рефлексија на нашите мисли.

Мисли убаво и ќе ти биде убаво.  Жали се и кукај и утре сигурно ќе се разбудиш само со причина плус за тоа.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg