Сакам партнер кој ќе ми биде љубовник, но и најдобар пријател

sakam-partner-koj-kje-mi-bide-ljubovnik-no-i-najdobar-prijatel-01.jpg

Лесно е да најдеш љубовник. Постојат многу мажи кои сакаат само физичка интимност и чувството да бидат до некого. Тие пронаоѓаат задоволство во првиот допир, бакнеж, првата ноќ заедно.

Ако сакате нешто кежуал лесно е да пронајдете некој.

Но, за мене, да се биде интимен со некој физички не е доволно. Сакам некој со кој ќе споделам многу повеќе од само моето тело. Сакам да ја споделам мојата душа.

Сакам таа личност покрај љубовник да ми биде и најдобар пријател.

Сакам да можам да плачам пред него и сепак да ми биде комфорно и да се чувствувам убаво. Сакам да чувствувам дека сум му убава и наутро со бушава коса и неизмиени заби.

Сакам да гледам фудбал, да пијам пиво и да се смеам со него толку силно што ќе ме заболи стомакот. Сакам да ја гледам искрата во неговите очи секојпат кога ќе ме фати за рака.

Сакам да патуваме заедно и двајцата да не можеме да се наситиме од убавината на зајдисонцата. Сакам да ги споделам со него сите добри и лоши моменти, сакам да споделам сѐ.

Понекогаш сакам да не станеме од кревет и цел ден да грицкаме нешто и да гледаме серии.

Сакам да го галам кога заспива и да ми недостига кога спие.

Сакам да зборуваме за сѐ, но и да можеме да си молчиме и да ни е убаво.

Сакам да ми праќа смешни пораки, кои ќе ми бидат доза позитива во текот на целиот ден. Сакам да си замислувам иднина со него, без да стравувам.

Сакам да си ги славиме успесите заедно и да го планираме животот заедно.

Сакам мојот партнер да ми биде не само љубовник, туку и најдобар пријател.

Извор

Би можело да ве интересира:

Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg