Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Еден ден ќе мора да застанеш пред огледало и да си објасниш зошто не се грижеше за себе

Еден ден ќе се разбудиш и ќе видиш дека си сама. Со себе. Еден ден ќе мора да застанеш пред огледалото и да си објасниш зошто малку подобро не се грижеше за себе.

eden-den-ke-mora-da-zastanes-pred-ogledalo-i-da-si-objasnis-zosto-ne-se-grizese-za-sebe-1.jpeg

Зошто туѓите потреби ти беа пред твоите. Не е тоа несебично и добро. Тоа е глупаво.

За тебе никој нема да се грижи ако прво не почнеш ти. Не затоа што не сака, туку затоа што мисли дека не треба.

Никој не знае што се крие зад твоето „можам сама,“ „добро сум“ и „не мораш ти, остави јас...“

Можеби својот живот не го живеев секогаш најпаметно, но се трудев. Да се мазам себеси. Да се сакам. Да си угодам. Иако некогаш ми беше тешко самата со себе.

Се сеќавам на реченицата која еден човек ми ја кажа, а која во тој момент ми го преврте животот наопаку и ми ги разбуди сите работи кои во мене тогаш беа заспани: „Не ти треба ништо повеќе, освен рака која ти е доволно блиска, да може да те прегрне во моментите кога си беспомошна.“

Си ја повторував еднаш, па уште еднаш, за да сфатам дека тоа е најголемата човечка вистина некогаш кажана.

Толку раце оттурнав од себе, што заборавив дека некогаш прегратка е она што ми треба.

Дека она што ми треба е мојата пријателка.

Мајка.

Баба.

Сестра.

Брат.

Најдобриот пријател од детството.

Некој кој е само мој.

Некој кој никогаш нема од себичен интерес да ти ја попречи среќата во животот. Да те повреди. Да те направи мала и безначајна. Некој кој никогаш нема да биде љубоморен на тебе.

Некој кој ќе те чува, кој ќе ти рече: „Немој така, не ти одговара“ и нема да има никаков скриен интерес, освен да ти помогне.

Пречесто во овој живот се доведуваме до работ, до границата на издржливоста, удобноста, мислејќи дека така треба. Заборавајќи дека имаш само еден живот и непознат е бројот на денови кои ти се доделени.

Па трчаш... На работа. Дома. Кон некои лоши и неискрени односи. Ги слушаш проблемите кои не те интересираат. Се трошиш. И себе и своите денови.

Кога последен пат застана да ги погледнеш ѕвездите и да земеш воздух? Кога последен пат си направила нешто сама, на себе и за себе? И притоа не си морала да се објаснуваш на никого. Не си морала да прашаш што некој друг мисли.

Честопати во животот, луѓето кои не ме познаваа доволно добро, не ме сакаа. Им изгледав незаинтересирано, арогантно и размазено.

А, кога на себе би си посакала нешто – би посакала малку повеќе од таа незаинтересираноста за проблемите на целиот свет. Би сакала да сослушам и да заборавам. Да не ме допре ништо.

Кога би ги вратила назад деновите, би ги гушкала малку повеќе своите пријатели.

Би учела малку помалку.

Не би се грижела.

Би прекршила некое наметнато правило.

Помалку би се плашела.

Би го донела кученцето од улица дома.

Не би прегрнувала одредени луѓе.

Би прескокнала неколку бакнежи.

Помалку би плачела.

Би дала отказ.

Не би се форсирала да бидам верзија од себе која сите ќе ја сакаат.

Би ги спакувала своите работи на 18 години, без опција да се вратам дома. Не затоа што малку си го сакам семејството, туку затоа што го сакав светот за себе.

Би патувала повторно, дури и ако тоа ми го одземе последниот атом сила.

Не би ги топела деновите во алкохол, како би го ублажила стравот.

Не би барала раце да ме прегрнат кога сум беспомошна. Би се гушкала себе, додека не се убедам дека не сум беспомошна. Дека сум силна и дека можам и сама.

Но, назад не можам.

Затоа, морам храбро низ непроодните стази. Со себе и заради себе.

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Долго време живеев сама, се будев сама, пиев кафе сама... Зошто е важно да знаеш да бидеш сама?“ „Долго време живеев сама и ја засакав својата самотија. Во неа најдов мир кој го...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg