Им велеа „вие сте си грнче и капаче“ - се сакаа до небо, си беа самодоволни

im-velea-vie-ste-grnche-i-kapache-se-sakaa-do-nebo-si-bea-samodovolni-01.jpg

Многумина не можеа да им го разберат начинот на функционирање, но сите имаа ист заклучок – вие сте исти во лудилото.

„Како грнче и капаче си се имате пронајдено“, постојано им велеа.

Како може така да функционирате? Но, тие функционираа и подобро од другите, речиси совршено.

Никој никого не гушеше.

Си се инспирираа за да ги следат своите страсти во животот.

Си даваа крилја. Си делеа комплименти. Си се ставаа еден со друг на пиедесталот.

Тој ѝ го знаеше бурниот темперамент. Таа ја разбираше неговата флегматичност на моменти.

Но, совршено се дополнуваа.

Тој кај неа гасеше пожари, таа кај него палеше огнови.

Се пронаоѓаа на средина. Се балансираа. Правеа едно цело.

Беа сосема различни од една страна, но сосема исти во ставот како треба да се живее животот, како денес мора да се направи сѐ за тој ден да биде најубавиот во животот.

Свесни дека утре не ни е ветено, секој ден ги правеа работите што ги сакаат.

Таа не му ја разбираше лудата страст за одредени работи, но му ја прифаќаше.

Нему не му беше сфатливо нејзиното динамично темпо кое апсолутно секој ден го одржуваше, но ѝ велеше „браво, секоја чест“.

Не се оптоваруваа што ќе кажат другите, ниту со тоа дека на одредена возраст треба да се прават одредени работи и треба да се функционира на одреден начин.

За нив требаше да се функционира само онака како што срцето им диктира и само на начин на кој насмевките на нивните лица би биле краен резултат.

Еден на друг си кажуваа дека се среќни што се имаат.

На неа омилено ѝ беше да го бакнува по образот додека тој спие.

Него омилено му беше да се фали пред светот со неа и да ја нарекува „негова“.

Се сакаа бурно, се сакаа со младешка страст, без разлика што долги години беа заедно.

Едноставно си беа грнче и капаче и тоа е тоа.

Некои луѓе имаат среќа да се пронајдат во животот.

Едноставно на секој да му дојде да си посака „лудило“ како нивното...

Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg