Никогаш нема да станам како моите родители! - Јас на 35: Аман со бојлеров, цело време ви е вклучен!

Nikogas-nema-da-stanam-kako-moite-roditeli-01.jpg

Јас на 15: Ќе излезам. Не знам каде и не знам со кого. Аман, до кога ќе ме прашувате, како во затвор да сум. Што, морам да се вратам до полноќ? Одвај чекам да наполнам 18 и да си терам по мои правила. Преку глава сте ми!

Јас на 35: Каде ќе одиш? Кои други ќе бидат таму? А каде е тоа? Која е таа Бојана? А тој Филип? Дај ми број од таткото на Бојана … и што ќе правите таму? Е како не знаеш? Ајде не ми глуми, во затвор била, во затвор имаш ли вакви услови за живот? Да да, голема работа што одвај чекаш да наполниш 18, уште ќе си дете. Под мој покрив важат мои правила.


Јас на 15: И што дека имам три четворки? Како само тоа да е битно во животот. Па што ако не успеам да се запишам на факултет? Можеби не сакам да одам на факултет, можеби сакам да одам да работам на брод.

Јас на 35: Како бе имаш три четворки? Ајде кажи каква друга работа имаш во животот освен учењето? Да не те будиме насабајле да одиш на работа случајно? Сметки да не плаќаш? Што, нема да одиш на факултет?! Ќе одиш и оро ќе играш или ќе дојдам и ќе те фрлам од палубата на бродот кајшто си запнала да одиш.


Јас на 15: Не ми треба долна маица, а ни јакна, не е толку ладно. Ќе седиме надвор, топло е, 12 степени.

Јас на 35: Облечи се убаво, денес само 18 степени, ладничко ќе биде. И долна маица и јакна обавезно. И никако седење надвор, дува.


Јас на 15: А што ви смета гласната музика? Вие сте многу осетливи, не е толку гласно, баш е пријатно за слушање. Секогаш ќе слушам толку гласна музика додека не остарам.

Јас на 35: Бива ли бе толку гласно да ви рокаат тие Били Ајлиши и компанија, оглувевме значи, ќе има ли мир во оваа куќа? Стишете се таму.


Јас на 15: Секој ден манџа и салата, нели може да јадеме пица, палачинки и тостови за ручек?

Јас на 35: Какви палачинки за ручек бе, шеќери само бутате, секој ден тоа ви е, пица и сендвичи. Не може, дај земете нешто здраво за јадење, нека тропне лажицата, изненадете го тоа организмот.


Јас на 15: Сакаме да одиме сами на одмор со друштвото, во близина ќе бидат мајката и таткото на Марија, ќе нè проверуваат секој ден.

Јас на 35: Каде бе сами ќе одите, на одмор ќе оделе, не знаете патики да си врзете, на одмор ќе оделе сами. Не ме интересира ако Господ е залепен во соба до вашата, нема шанси да
тргнете сами никаде!


Јас на 15: Никогаш нема да станам како моите родители! Никогаш!!!

Јас на 35: Аман бе со тој бојлерот, цело време е уклучен, мислиш цела зоолошка се бања кај нас дома. И што е со сите сијалици пуштени, нема никој во собата сијалицата пуштена, одам зад вас и ги гасам само…

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg