„Редовно одам на една скопска клиника, директорот секогаш пристигнува прв на работа“

redovno-odam-na-eden-oddel-vo-edna-skopska-klinika-direktorot-sekogash-pristignuva-prv-01.jpg

Животот има чудни патишта, па така мојот ме наведе на тоа на неколку месеци да морам да посетувам една скопска клиника.

Одам навистина рано, дури пред да започне работното време, сакам да ја избегнам турканицата на влезот што се создава подоцна и секогаш си чекам горе.

Предвреме сум и нормално е што нема персонал пред работното време. Но, интересно ми е што секој еден пат кога одам таму забележувам дека секогаш прв, половина час пред другите пристигнува директорот на клиниката.

Пријатен, насмеан со „добро утро“ за секој пациент што случајно се нашол таму, тој си влегува во својата канцеларија и го започнува работниот ден пред сите други.

И секојпат кога ќе го видам ова одново ме воодушевува.

Ми изгледа на суров професионалец кој си ја сака својата работа најмногу на светот. Ми изгледа на човек кој со секое право ја заслужува позицијата на која се наоѓа.

За мене вака отстрана е инспиративен, а не пак за вработените во клиниката. Тоа е тоа што е потребно. Тие што се на врвот на хиерархиската скала треба да бидат пример за другите.

Тие треба да вложуваат најмногу, да инспирираат, да покажуваат како треба. Не само седнати таму некаде горе да диригираат, туку да работат рамо до рамо, па и повеќе од другите.

Да имаат најголемо знаење, да се вложуваат најмногу и да им бидат идоли на луѓето кои хиерархиски се скалило под нив.

Овој директор на клиника е токму таков.

Исто така ми се допаѓа што не потценува никого, и без разлика дали станува збор за доктор или хигиеничкарка, тој се однесува со иста доза на почит кон сите.

Плус, има срце за пациентите. И ненајавени да му чукнете на врата ќе ве прими, ќе ве дочека со блага насмевка и ќе ви каже дека секому се случуваат животни бури, а дека само од вас зависи како ќе се справите со истите.

Немам ништо помалку од само чиста восхит за него и од препорака секој што некогаш ќе се најде на ваква водечка позиција да запомни дека токму тој е примерот кој го гледаат другите.

Да, и денес беше пред сите пристигнат на работа...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Скопска госпоѓо, со дрскиот тон и надмен однос знаеш кога ќе те услужат пак? Никогаш! Што си се умислила толку? Жена со моќи на божество? Најпаметната? Најубавата? Шт...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg