Животот ќе ти биде добар наскоро, ти ветувам!

zhivotot-kje-ti-bide-dobar-naskoro-ti-vetuvam-01.jpg

Едно утро, еден ден многу набрзо, ќе се разбудиш со топлина и чувство длабоко во стомакот дека сѐ ќе биде во ред. Дека ти си во ред. Ќе се чувствуваш безбедно и сакано.

Ќе чувствуваш дека светот не е толку страшен како што мислеше, ќе чувствуваш дека се кренал товар од твоите раменици и конечно ќе можеш да дишеш со полни гради.

По сите грижи, анксиозност и болка кои ги трпеше со месеци, па дури и години, конечно ќе се чувствуваш добро. Навистина добро.

Ова ненадејно чувство ќе дојде неочекувано и ќе се прашуваш дали е реалност или сонуваш. Конечно ќе гледаш светлина повторно и ќе си кажеш: „Значи среќата вака изгледаше...“

Кога ќе дојде ова утро нема да ти биде толку тешко да се разбудиш. Нема да бидеш исплашена. И да се појавиш некаде нема да ти биде тежок предизвик. Нема да мораш да глумиш насмевки и константно да се потсетуваш да ставиш храбро лице.

Ќе чувствуваш исполнетост и сигурност дека животот треба да ти изгледа така како што изгледа.

zhivotot-kje-ti-bide-dobar-naskoro-ti-vetuvam-02.jpg

Нема да се грижиш дека и во најдоброто издание не си доволно добра. Нема да се грижиш што мислат другите за тебе и длабоко во себе ќе знаеш дека најважно е што мислиш ти за себе.

Ќе сфатиш дека умот си играл игри со тебе, а дека ти всушност цело време си била сакана. Ќе станеш свесна дека твојата анксиозност не секогаш ја рефлектирала вистината.

Ќе сфатиш дека среќата секогаш те чекала, дури и тогаш кога ти гледаше само темнина. Ќе научиш колку е важно да се прифатиш себеси и да се бориш за себе.

Ќе почувствуваш мир, ќе почнеш да си се воодушевуваш себеси, а не да се критикуваш. Ќе бидеш горда на тоа колку далеку стигна и на сите битки што ги извојува.

Од таа перспектива ќе се смееш на тоа што веруваше дека никогаш нема да пронајдеш среќа и да почувствуваш колку е убав животот.

Но, минатото нема да ти ја диктира иднината, а ти конечно ќе чувствуваш дека може да се надеваш на среќна иднина.

Прекрасни работи ќе ти се случат, само дозволи си да се надеваш...

Извор

Би можело да ве интересира:

Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв род... Драги мои, неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние...
Бев на приредба во градинка – не можев да ја видам ќерка ми од мобилните телефони Децата и учителките беа супер, ама родителите... Е тоа е посебна приказна. Секој...
Кога ќе го сведеш својот универзум на неколку луѓе... самотијата не е осаменост Кога самотијата не ти е осаменост, туку потреба за баланс, тогаш и најголем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg