Убавата жена има насмевка која соборува, ѕвезда која сјае и не се плаши да старее

Многупати кога сум рекла за некоја жена дека е убава, за возврат сум добила поглед полн чудење или во најлош случај – презир. 

Ubavata-zena-ne-se-plashi-da-staree-01.jpg

Да, разбирам дека убавината е субјективна работа и субјективно можам да кажам дека убавата жена во мојот речник нема идеални пропорции, не е некоја пластична кукла, манекенка симната од писта, спастрена од глава до пети која умее да износи бела кошула без да истутка ниту еден дел од неа или да ја накапе со нешто до крајот на денот.

За мене убавата жена првенствено е онаа што е насмеана. Има насмевка која соборува. Насмевка која те тера да застанеш и да ја преиспиташ сопствената среќа и животните приоритети.

Не, таа сигурно не е најзгодната и најубавата, но кога ќе влезе некаде сите погледи магнетски се свртени кон неа.

Убавата жена носи некоја посебна ѕвезда во себеси, чиниш ја собрала сета животна радост. Можеби има дупчиња на образите кога се смее, а можеби некој заб се одделува од низата на останатите, малку покрив од другите, па штрчи. Сеедно. Тоа ја прави исклучителна, посебна, вонсериска.

Убавата жена нема типична убавина, можеби според денешните стандарди за убавина има некоја килограм повеќе, а можеби е преслаба.

Повторно сеедно, онаа којашто знае да си ги носи килограмите, колку и да се, и да ужива во својата кожа е најубава. Таа зрачи и едноставно не може да не ја забележите. Жената која е сигурна и задоволна со сопствениот изглед е најубава.

Жената која точно знае што сака е прекрасна. Таа може да го облече и најскапиот фустан или што би рекле старите, да облече и вреќа за компири, и повторно да биде убава.

Може да биде целосно нашминкана или да нема грам шминка на себеси. Доколку го има „она нешто“ кое не се опишува, туку се доживува, кое не се купува со ниедни пари, кое не се поправа естетски или хируршки, тогаш целиот свет е нејзин. Таа владее, затоа што нема комплекси од кои се срами или се обидува да ги скрие.

Да, жената може да има многу т.н. „недостатоци“, стрии и целулит, тело кое преживеало операции, тело кое било 9-месечен дом на едно или неколку бебиња, тело кое се борело со многу или малку килограми… но кога насмевката е искрена, очите се сјајни, душата е чиста, зборовите се љубезни, гласот е ѕвонлив, допирот е мек, а љубовта бесконечна, ниту една од физичките работи нема да ви бидат во преден план. Само ќе си речете – ова е мојата жена. И таа за мене е – најубава.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg