Јас не сум забавна мајка и не знам да играм фудбал – но, јас сум добар родител

Јас не сум забавниот родител, не сум таа што си игра со децата, што ги забавува. Јас не градам замоци од песок, не знам да играм фудбал, не поминувам време во игра со нив... Тогаш каков родител сум?

Jas-ne-sum-zabavna-majka-ne-sum-zabaven-roditel-ama-sum-dobar-roditel-01.jpg

Јас сум добриот родител.

Јас сум таа што кога си доаѓа од работа не седнува да одмори, туку веднаш почнува да подготвува ручек.

Јас сум таа што мие садови за сите, што ја чисти куќата за да биде безбедна за нив.

Јас сум таа што им ги мие рацете на децата пред да седнат да јадат.

Јас сум таа што ги пресоблекува, што ги пере, ги пегла алиштата и што секоја вечер им ги подготвува чантите за во градинка.

Јас сум таа што секоја вечер ги бања, им облекува пижами, менува пелени.

Јас сум таа што подготвува „ужинка“ пред спиење.

Јас сум таа што ги кара за да бидат љубезни, да внимаваат да не се повредат, да внимаваат на себеси.

Јас сум таа што по цела ноќ бдее над нивните кревети кога не се добри. Таа што веднаш почнува да ги пребарува на интернет сите симптоми за да биде сигурна дека не се соочува со нешто посериозно.

Јас сум таа што ги бакнува сите повреди за да поминат побрзо.

Јас сум таа што ги носи во градинка, што е строга, што ги учи на ред...

Јас сум таа што сака структура, што внимава на нивната рутина.

Јас сум таа што внимава да бидат уредни чисти, што сака да им наметне здрави навики од мали.

Јас сум таа што секоја вечер наоѓа милион начини како да го „одземе“ таблетот за да си легнат да спијат.

Јас не сум забавна мајка. Јас не сум забавен родител, ама сум добар родител.

Знам дека моите деца можеби сега ми се лутат, не ме сфаќаат и мислат дека не сум фер, ама еден ден кога ќе пораснат и кога ќе сфатат какви луѓе станале, тогаш ќе речат дека имале „добра мајка“.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg