Јас ќе славам Нова година дома со корона, а вие?

Изненадувањето „позитивна на корона“ го диктира планот годинава....

jas-kje-slavam-nova-godina-doma-so-korona-a-vie-01.jpg

За Нова година немав некои спектакуларни планови со оглед на ситуацијата, но одредена замисла со најблиските имав дефинитивно.

И новогодишни венчиња и жижици и стајлинг, но тоа е.

За жал, планот ми се промени – ќе славам Нова година дома со новогодишната програма на Преспав, што ми е светла точка морам да признаам.

Изненадувањето „позитивна на корона“ го диктира планот годинава.

И далеку од тоа дека сметам дека е лошо да се слави Нова година дома. Туку едно е кога сакаш, а друго е кога мораш и кога немаш избор.

Уште од сега си ја прогласувам оваа за најлудата новогодишна ноќ досега. Но, во целата негативна ситуација симпатично е што со сопругот двајцата сме позитивни, па ќе си славиме заедно затворени во четири ѕида.

Има доза романтика, зарем не? Во буквална смисла на зборот – заедно и во добро и во зло. Замислете да бев сама...

Инаку, си гледаме низ прозорец како животот се случува надвор и чувствуваме како да сме во некое реално шоу. Искрено, се смееме до солзи, не знам зошто, но емоциите се засилени кога си затворен.

Сепак, среќна околност е што можеме да работиме од дома, па времето некако ни минува. Во исчекување сме викендот без работни обврски што ќе ни „донесе“. Да, да, веќе ги изгледавме половина серии на Нетфликс и филмски предлози примаме.

Уште од сега ми е симпатично каков спомен ќе ми биде оваа Нова година за години отсега. Уникатна и незаборовна, а сигурно и вредна за раскажување.

На крајот од денот сѐ си има своја убавина... Само да сме добри.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg