Поучна приказна: Синот ја однел својата стара мајка во ресторан – сите се потсмевале

Синот одлучил да ја однесе мајката на ручек. Неговата мајка била мошне стара и слаба. Додека јадела храната ѝ паѓала врз фустанот. Останатите гости зјапале во жената и се смееле... но на крајот сите научиле важна лекција од синот кој не се срамел од својата мајка! 

pouchna-prikazna-sinot-ja-odnel-svojata-stara-majka-vo-restoran-site-se-potsmevale-1.jpg

Синот одлучил да ја однесе мајката на ручек. Неговата мајка била мошне стара и слаба.

Додека јадела храната ѝ паѓала врз фустанот. Останатите гости зјапале во жената и се смееле на нејзините грешки, но синот останал смирен.

По оброкот, синот заминал со мајката во тоалетот. Таму ги избришал остатоците од храна од нејзиното лице со брчки и ги избришал дамките колку што било возможно.

Кога излегле од тоалетот, гостите во ресторанот занемеле.

Додека синот ја плаќал сметката, еден од гостите станал и му рекол:

- „Нели сметаш дека остави нешто овде?“

- „Не, не оставив ништо, сѐ земав со себеси“ - рекол синот.

- „Сепак, сметам дека остави нешто. Остави лекција за секој син и ќерка и надеж за нивните мајки и татковци. Сметам дека голем број од гостите научија многу од тебе.“

Да не ги заборавиме оние што некогаш се грижеле за нас ниту кога се стари и немоќни. Ние луѓето често паѓаме на тој испит.

Извор: Фејсбук / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg