Одење на гости кај младенците, правење колачиња, мост со 40 прачки – Обичаи и верувања за Младенци

На Младенци се оди на гости кај оние што се венчале во текот на изминатата година, трпезата треба да биде посна, а се месат и 40 колачиња. На некои места се прават мовчиња од 40 прачки за да сонуваш за кого ќе се омажиш. Кои адети се врзуваат за овој празник кај вас?

odenje-na-gosti-kaj-mladencite-pravenje-kolachinja-most-so-40-prachki-obichai-i-veruvanja-za-mladenci-01.jpg

Денес е Младенци, празникот на младоста и љубовта, што младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.

Според православната црква денес (22-ри март) се празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои загинале за Христовата вера.

Ова е еден од поголемите празници за христијанскиот циклус за кој се врзуваат поголем број обичаи и верувања.

odenje-na-gosti-kaj-mladencite-pravenje-kolachinja-most-so-40-prachki-obichai-i-veruvanja-za-mladenci-02.jpg

Кои се обичаите врзани за овој ден?

Одење на гости кај младенците

Најпознат обичај што се врзува за овој празник е можеби одењето на гости во домот на венчаните кои се венчале во последната година, по 22-ри март, минатата година.

Гостите доаѓаат со подароци, а се смета дека на овој ден на гости треба да дојдат оние што биле повикани на свадбата.

Сепак, во пракса нештата се малку поинакви и денес на гости доаѓаат само најблиските во семејството, а честопати забавите се прават во ресторани и кафеани.

Со оглед на тоа што Младенци се слави за време на велигденскиот пост, трпезата треба да биде посна.

odenje-na-gosti-kaj-mladencite-pravenje-kolachinja-most-so-40-prachki-obichai-i-veruvanja-za-mladenci-04.jpg

Прочитајте и Корисни подароци за Младенци

Месење 40 колачиња

Меѓу другите обичаи што се врзуваат за овој празник е и месењето на 40 колачиња премачкани со мед кои се нарекуваат младенчиња, а кои симболизираат долг, среќен и сладок живот.

Колачињата се нудат на децата и на сите кои ќе дојдат во куќата пред пладне.

odenje-na-gosti-kaj-mladencite-pravenje-kolachinja-most-so-40-prachki-obichai-i-veruvanja-za-mladenci-06.jpg

Мост од 40 прачки за да сонуваш за кого ќе се омажиш

Баба ми имаше една приказна што редовно сакаше да ја споделува за овој ден или за „Свети Четириесет“, како што знаеше да каже.

Традицијата во малото гратче од каде што потекнува била да одиш на реката без никој да те види и со 40 мали стапчиња да направиш мало мовче (вадичка како што ја викаше) и на него да закачиш шнола или копче и да го пуштиш да плови по реката.

„Вечерта кога ќе си легнеш да спиеш, ќе го сонуваш тој за којшто ќе се омажиш. Непознат маж сонував и за непознат се омажив“ – велеше.

odenje-na-gosti-kaj-mladencite-pravenje-kolachinja-most-so-40-prachki-obichai-i-veruvanja-za-mladenci-03.jpg

Кога имавме 15, 16 години, јас и другарка ми одлучивме да отидеме на реката и да го пробаме трикот на баба, затоа што за нас во тој период тоа беше само обид да ѕирнеме во иднината и да дознаеме што нѐ очекува.

Отидовме заедно, ама се договоривме да одиме на два различни краја на брегот, да се скриеме во грмушките и да не се гледаме, затоа што баба ни кажа дека според традицијата, ако се гледаме така ќе си ги растуриме вадите (мовчињата).

Со уметност на нинџи се криевме во грмушките, ем сами да не се гледаме, ем некој друг да не нѐ види, да не ни го „растури“ мостот. Ги направивме мостовите и тргнавме да си одиме накај дома.

Бевме возбудени и со нетрпение очекувавме да дојде вечерта и да си легнеме да спиеме, да видиме што ќе сонуваме...

Следниот ден се сретнавме во школо пред први час, уморни ненаспани и збунети.

„Сонуваше нешто?“ – ја прашувам.

„Остави, цела ноќ не сум спиена, а кога заспав ниту сонував, ниту нешто видов... А ти?“ – ме праша.

„И јас исто...“

И навистина беше така. Од возбуда цела ноќ не можев да заспијам, цела ноќ се превртував и упорно се терав себеси да склопам очи, но сонот не доаѓаше...

„И сега што? Нема ли да се омажиме?“ – ме праша другарка ми...

Ова е еден од убавите спомени на кои често сакам да се навраќам и за кои и денес се смееме кога се потсеќаме. Поминаа 20-тина години оттогаш.

Веќе не сме две тинејџерки вљубени во поимот љубов, мајки сме, имаме сопрузи, а животот нѐ однесе на различни места, но кога се слушаме, често се присетуваме и се смееме на приказната кога тргнавме да ја продолжуваме традицијата на која нѐ научиле бабите.

Која е традицијата за Младенци во вашето место? Се прават ли колачиња и мовчиња или имате некои други адети?

odenje-na-gosti-kaj-mladencite-pravenje-kolachinja-most-so-40-prachki-obichai-i-veruvanja-za-mladenci-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg