Поучна приказна: Зошто светецот го разлутил таткото на болно детенце?

pouchna-prikazna-zoshto-svetecot-go-razlutil-tatkoto-na-bolno-detence-01.jpg

Еднаш еден светец шетал низ природа кога минал покрај едно мало село. Една расплакана жена дошла до него и го молела да му помогне на болно детенце.

Тој отишол во селото, му го донеле болното дете и тој почнал над него да кажува молитва.

Се собрало многу народ, а таткото на детето разочарано викнал по него:

„Зарем навистина мислиш дека твојата молитва ќе му помогне кога ниту лекарите не успеаја во тоа?“

„Што знаеш ти? Ти си една обична будала!“, му одговорил светецот.

Човекот страшно се налутил и неговото лице поцрвенело. Збеснал и таман да потрча и да го нападне светецот, светецот се доближил до него и му рекол:

„Ако еден збор има толкава сила да те налути и вцрвени, зошто друг збор не би имал моќ да излекува?“

И така, тој ден светецот излекувал двајца луѓе...

Извор

Би можело да ве интересира:

Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg