Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Моето дете е гениј по математика, првак во карате“ - Дали премногу бараме и очекуваме од нашите деца?

 Дали почнавме да раѓаме гении или темпото со кое живееме, пристапноста до информации создаде деца кои имаат прашања на кои ние, возрасните, понекогаш немаме одговори?  

Moeto-dete-e-genij-po-matematika-prvak-vo-karate-dali-od-nasite-deca-barame-premnogu-01.jpg

Како родители се стремиме нашите деца да осознаат што повеќе за светот околу нив, но кога е вистинското време? И дали премногу бараме и очекуваме? 

Сè во свое време.

„Кога ќе прооди детево? Другите деца веќе зборуваат, моето не”. 

„Ќерката на мојата колешка се шминка за во град, па мала е сè уште”.

„Син ми се прибира во ниедно време, немам никаков авторитет како родител”. 

„Моето дете е гениј по математика, првак во карате”.

Дали од нашите деца бараме премногу и ги форсираме во процесот на растење? 

Постарите ќе се сложат со фактот дека работите ги правеа со текот на времето, давајќи шанса да се искусат шансите со возраста, а со тоа си доаѓаше и созревањето.

Дали има потреба децата да седат на иста маса со возрасните и да учествуваат во сите дискусии? 

Помогни во процесот на растење и созревање, не одмогнувај. 

Нормално дека не можеш да забраниш детето да има телефон, кога сите околу него имаат, но ограничи го времето на користење, стави ограничувања на пристапот до одредени веб страни и апликации. 

Особено на ТикТок, кое од интерактивна забава, веќе започна да станува апликација од која родителите се плашат, а тинејџерите ја обожуваат.

„Мамо, што е менструација? Тато, на училиште се разговара за правење на деца, а мене срам ме фаќа, па излегувам надвор”.

Теми кои се деликатни за детето, но и за родителите.

Сепак, не се табу тема, не треба да ги избегнуваме. Потребно е да сме подготвени во секое време да најдеме одговор на секое прашање.

На тој начин и детето ќе чувствува слобода да праша, а и сигурност дека ќе добие одговор без да биде засрамено. 

Децата се исти и сега и порано, само што пристапот до секоја содржина е многу потранспарентен, па затоа понекогаш децата се соочуваат со некои работи за кои сè уште немаат лична созреаност.

Moeto-dete-e-genij-po-matematika-prvak-vo-karate-dali-od-nasite-deca-barame-premnogu-02.jpg

Преголема слобода 

Денес, сакаме да средиме сè. Сега и веднаш.

Читаш сè нешто и секаде - како да воспитуваш дете, колку граници да поставиш, применуваш сè, а всушност ништо свесно. Не се водиме од личниот инстинкт, туку од туѓите искуства.

Да не ги споредуваме децата. Секое е свој свет. Своја лична приказна.

Не им наметнувајте сфаќања за кои не се подготвени да ги прифатат.

Секое дете е различно, напредува својствено за себе. Да не форсираме.

Да дадеме шанса секој да се реализира како што сака и каде што сака и се пронаоѓа. Тука сме да укориме, да подадеме рака, но не и да трасираме нечиј пат. 

Наша задача како родители е да учествуваме во процесот на учење и осознавање.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М.У.Т. | Црнобело

фото: pixabay.com / freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“ Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме...
Отидов во скопска болница на закажан термин за преглед на дете, од пред 1 месец - Немаше доктор, оти... „Ортопедија? Имате закажан термин? Па, ние немаме доктор ортопед. Докторката оти...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg